По завршување на овој курс ќе се стекнете со професионално знаење и вештини од областа на вештачката интелигенција, технологиите кои се користат и техниките кои се најчесто користени во светот за да успешно се програмира апликација од областа на вештачката интелигенција.
Исто така, по завршиувањето на овој курс ќе се стекнете со титулата Artificial Intelligence Practitioner која ви овозможува многу полесно да дојдете до професионален ангажман во пошироката област на програмирањето базирано на вештачката интелигенција.
Овој сертифициран курс е специјално дизајниран за програмери кои сакаат да се надоградат, да го демонстрираат своето знаење, да дизајнираат и имплементираат програми / апликации од областа на вештачката интелигенција и машинското учење.
Наменет за професионалци кои сакаат да се сертифицираат за АИ
Во текот на овој курс, ќе се стекнете со знаење како да ја имплементирате вештачката интелигенција како решение на некој бизнис проблем, како и ќе научи да:
- Пристапи и да реши oдреден генерален бизнис проблем со помош на вештачката интелигенција и машинското учење.
- Собирање, анализирање и подготвување на база на податоци
- Тренирање и подобрување на модел од машинското учење.
- Финализирање на модел од машинското учење и презентирање на резултатите на слушатели / публика
- Програмирање на линеарна регресија.
- Програмирање на класификациони модели
- Програмирање на кластер-модели
- Програмирање на вектор модели (SVM)
- Програмирање на вештачки-базирани мрежи
- Изучување на регуларности за приватност на податоците во проекти каде се користи вештачка интелигенција и машинското учење
Сертификат за присуство на курсот објавен од Семос Едукација
Со полагање на испитот се стекнувате со меѓународно признат сертификат – Certified AI Practitioner