Autodesk® Revit® Architecture е водечка БИМ платформа во светот наменета за проектанти од сите дисциплини од областа на високоградбата. На корисниците им овозможува да дизајнираат објекти во 3Д околина користејќи параметрични компоненти, да вршат сложени анализи како и да подготват обемна техничка документација.
Користењето на Autodesk® Revit® Architecture апликацијата заштедува од 30-50% од времето и буџетот потребни за изработка на проектите во споредба со традиционалното КАД проектирање. Истовремено, Autodesk® Revit® Architecture овозможува поголема контрола над моделот, а со тоа и зголемен квалитет на проектите. Поради големиот број на придобивки, употребата на БИМ технологијата при изработка на проектите е задолжителна во голем број земји во светот.
Autodesk® Revit® Architecture – Основи за Архитектура е официјален курс наменет за архитекти. Покрај теоретските излагања, слушателите во рамки на курсот ќе имаат можност да работат на конкретен проект од почеток до крај.
До крајот на курсот слушателот ќе:
- Разбира принципи на БИМ технологија и научи како да ги применува во Autodesk Revit софтверот
- Работи со Autodesk Revit работната околина и интерфејс
- Дефинира datum elements во моделот како што се levels и grids
- Создава архитектонски 3D модел со БИМ елементи како ѕидови, подови, прозори, врати, скали, огради рампи, кровови, итн
- Користи алатки за модификување на постоечки БИМ модел елементи
- Работи со надворешни податоци во Revit како CAD цртежи
- Наоѓа, презема и користи компоненти како мебел и опрема
- Вади распореди и листи за спецификација и квантитет за материјали
- Додава ознаки како димензии, текст, ознаки, симболи на погледите
- Создава 2D детали во Autodesk Revit апликацијата
- Поставува sheets for plotting како техничка документација
- Биде подготвен да го полага испитот Autodesk Certified User, кој е вклучен во цената, и да се стекне со официјален Autodesk сертификат
Силни софтверски вештини за дизајн се одличен адут во академските и професионалните области. Учењето на врвните дизајнерски софтвери од Autodesk заедно со Autodesk User Certification им дава можност на слушателите да имаат огромна предност при постигнувањето успех во своето образование или кариера.
Сертификат за посета на курс издаден од Autodesk
Со положен испит се стекнувате со меѓународно признат сертификат – Autodesk User Certification за соодветна Autodesk апликација.
Autodesk Certified User
Силни софтверски вештини за дизајн се одличен адут во академските и професионалните области. Учењето на врвните дизајнерски софтвери од Autodesk заедно со Autodesk User Certification им дава можност на слушателите да имаат огромна предност при постигнувањето успех во своето образование или кариера.