Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
    +389 75 310 910
  • Пиши ни kursevi@semos.com.mk
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Semos Education RUN 10K на Водно: Трка исполнета со емоции и спомени

23 April, 2025

Semos Education RUN 10K на Водно: Трка исполнета со емоции и спомени

 

 

На 30 март, Водно стана симбол на единство со одржувањето на Semos Education RUN 10K — настан кој на едно место собра 400 љубители на трчањето, наши пријатели и колеги.

Пред стартот, со едноминутно молчење, се оддаде почит на сите оние кои не се веќе меѓу нас.

Штафетната трка, имаше особено длабоко значење, затоа што беше организирана во спомен на нашиот сакан колега Борјанчо Мицевски, кој прерано не напушти. Со секој истрчан километар, со секој чекор напред, ја одбележувавме неговата неуморна посветеност, неговиот искрен ентузијазам и љубовта кон спортот. Ова не беше само спортски предизвик — беше пример за вредностите што ги негуваме: заедништвото, поддршката и вечното почитување на оние кои оставаат неизбришлив печат во нашите срца

На трката беа доделени следните награди:

За главната трка од 10 км, наградите се доделени за првите пет места во машка и женска конкуренција:

1. 9.000 денари + 200 евра Semos ваучер

2. 7.000 денари + 200 евра Semos ваучер

3. 5.000 денари + 200 евра Semos ваучер

4. 3.000 денари

5. 2.000 денари

Во женска конкуренција најбрзо истрчаа:

1. Адријана Поп Арсова

2. Миљана Ристиќ

3. Ирма Хајдари

Во машка конкуренција најдобри времиња имаа:

1. Григоријан Никовски

2. Александар Арсов

3. Атанас Анчевски

Спонзорски награди беа предвидени и за првопласираните во следниве возрасни категории:

• 50+ години –

• 60+ години

• 70+ години

Во штафетната трка, награди од спонзорите ги добија првите три екипи во секоја категорија:

• Машка штафета

• Женска штафета

• Мешана штафета

Организаторите и семејството на Борјанчо им се заблагодаруваат на сите учесници и поддржувачи.