Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
  • Пиши ни kursevi@semos.com.mk
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Интервју со Андреј Иванов – студент од Генерација 2023/24 на Акредитираната JavaScript Академија

22 December, 2023

Интервју со Андреј Иванов – студент од Генерација 2023/24 на Акредитираната JavaScript Академија

Здраво Андреј. Најпрво кажи ни, како започна твојата Семос приказна?

Мојата Семос приказна започна со тоа што добив повеќе препораки од блиски луѓе за академиите за програмирање во Семос Едукација. По истражување на програмите, дојдов до заклучок дека JavaScript Академијата е најсоодветна за усовршување на моите вештини, па затоа и избрав да студирам токму таму.

 

Каде се гледаш себеси во иднина?

Во однос на локација немам идеја каде би ме однел патот во иднина, а за струка се гледам во IT компанија како успешен full-stack или front-end developer.

 

Три работи што најмногу ти оставија впечаток на Академијата?

Одговорност – секогаш навремена настава и одржана во предвиденото време, програма – опфатен максимален дел од програмата на дадената тема, внимание на детали – посветено големо внимание на детали во учењето со цел да се совлада предвидениот материјал.