Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
  • Пиши ни kursevi@semos.com.mk
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Успешна приказна – Викторија Наќевска , студент на Акредитираната Академија за човечки ресурси

21 February, 2024

Успешна приказна – Викторија Наќевска , студент на Акредитираната Академија за човечки ресурси

Што е она со кое Академијата за Човечки Ресурси во Семос Едукација се издвојува од останатите Академии на пазарот?

Академијата за човечки ресурси во Семос Едукација се издвојува од останатите академии на пазарот најпрво по своите предавачи, кои имаат екстензивно практично искуство во областа на човечките ресури и секако долгогодишното постоење на Семос Едукација на пазарот кое само по себе зборува за својот квалитет и надалеку се препознава.

 

Кажи ни нешто за себе. Која е Викторија?

Викторија е млада, перспективна и амбициозна личност, магистер по кривично право, која моментално работи во ТАВ Македонија, како дел од тимот во одделот за човечки ресурси. По завршувањето на своите правни студии, сосема случајно започнав со практична работа во одделот за човечки ресурси во истата компанија каде што сум и денес. Токму оваа практична работа во мене разбуди една нова љубов, која што и по четири години е мојата движечка сила во секојдневните предизвици кои ја носат оваа професија. По четиримесечната практична работа и официјално станав дел од овој тим како референт за човечки ресурси, а веќе по две години на оваа позиција, беше препознаена и наградена мојата работа, па бев унапредена на позиција супервизор на операции во човечки ресурси. Минатата година работев на многу проекти, од кои што можам да одвојам дека развојот и мерењето на успешноста на вработените ми беше најинтересен и оваа година акцентот на мојата работа ќе биде токму на ова поле.

 

Што е она што најмногу те инспирира во секојдневната работа?

Како една од историски најдинамичните, можам да кажам дека минатата година беше клучна за човечките ресурси. Она на што не научи „ковид” е дека треба што повеќе да се насочиме кон нашиот најважен фактор – луѓето. Започнавме да работиме на многу проекти и програми за вработените, дел беа сосема нови, додека другиот дел значително ги унапредивме и со тоа направивме разлика во професионалниот развој на нашите вработени. Кога работите на нешто толку важно – вработените, учите многу, растете и се развивате секојдневно и оттука се повеќе ја засакувате својата работа. Кога толку ја сакате својата работа, тогаш инспирацијата е еден непресушен извор.

 

Кој е најдобриот совет што го слушна во Семос Едукација?

Сите споделени искуства, како од предавачите, така и од учесниците на оваа академија беа мојот најдобар совет. Кога теоријата и праксата ќе се спојат на едно место, бенефитот е огромен.

 

Кој е твојот омилен модул од Академијата и зошто?

Секој модул со себе носеше нешто интересно, нешто ново, нешто важно, применливо и апсолутно не здодевно. Како правник, еден од поинтересните модули за мене беше правните аспекти, додека развојот и перформансот на вработените отворија едно ново поглавје во мојот професионален развој, па можам да кажам дека ова се моите топ три омилени.