Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
  • Пиши ни kursevi@semos.com.mk
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Интервју со Константин Брезовски – студент од Генерација 2023/24 на Акредитираната Академија за графички дизајн

18 January, 2024

Интервју со Константин Брезовски – студент од Генерација 2023/24 на Акредитираната Академија за графички дизајн

Здраво Константин. Честитки за одличниот избор на Академија за твоето понатамошно школување.

Што е она со кое Академијата за графички дизајн во Семос Едукација се издвојува од останатите Академии на пазарот?

Академијата за графички дизајн на Семос Едукација се издвојува со стручниот кадар и нивниот пријатен пристап,опремени училници со најсовремена компјутерска опрема и секогаш инспиративна и креативна атмосфера.

 

Кој беше твојот прв впечаток на почетокот од академијата и какво е твоето досегашно искуство?

Возбудливо и многу интересно! На самиот почеток добивме интересни задачи за меѓусебно креативно запознавање. До сега моето искуство е многу позитивно затоа што добар дел од предавањата ми се познати но има и дел каде „заглавувам”, па тоа е делот кој ми е предизвик и кој се надевам дека успешно ќе го совладам.

 

Како одлучи да станеш графички дизајнер?

Професијата Графички дизајнер за мене претставува слобода, а воедно и можност за креативно изразување. Уживам да креирам дела кои можам да ги наречам „лично свои“ или да го разубавувам несовршеното.