Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
  • Пиши ни kursevi@semos.com.mk
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Семос Едукација на Macedonia 2025 Summit

21 May, 2024

Семос Едукација на Macedonia 2025 Summit

Поглед во иднината со AI

Горди сме бидејќи еден од хајлајтите на овогодинешниот Macedonia 2025 Summit кој се одржа на 15 и 16 мај во Скопје беше токму излагањето на нашиот Зоран Кимов [Microsoft Certified Trainer, Data & AI Team Lead].

Кимов, преку напредна практична презентација ги претстави неверојатните капацитети на Microsoft Copilot. Претставниците на водечките компании од Македонија беа сведоци како Copilot за Microsoft 365 го револуционеризират работењето со податоци и како Microsoft Power Platform и Copilot ги трансформираат податоците во функционални заклучоци и insights кои организациите можат да ги користат за правилно донесување на одлуки, подобрување на процесите како и напредна анализа.

 

Излагањето на Кимов беше интерактивно и гостите на Macedonia 2025 земаа активно учество во презентацијата. На овој начин, во реално време се уверија во капацитетите на Copilot и можностите за автоматизација и унапредување на процесите.

Семос Едукација ги нуди екслузивните Microsoft AI обуки кои можат да помогнат вашата компанија да го отклучи целосниот потенцијал, да ги унапреди процесите и да ја зголеми ефикасноста и профитабилноста.

 

Сите достапни Microsoft AI обуки можете да ги погледнете на следниот линк: Microsoft AI Trainings.