Од фантазија до реалност
Запознајте го Илија Митров, сертифициран AI Practitioner, софтвер инженер и AI & Python тренер во Семос Едукација.
Кој е Илија Митров? Може ли да ни кажеш нешто повеќе за тебе?
Здраво на сите! Се викам Илија и имам 24 години. Во моментот работам како софтвер инженер во Лисабон, Португалија и Python/AI тренер во Семос Едукација. Имам повеќе од 3 години искуство во програмирање. Започнав како Python Developer и откако стекнав искуство, се префрлив на програмирање на Вештачка интелигенција (AI) и Машинско учење (ML) благодарение на Семос Едукација.
Како започна твојата кариера во областа на вештачката интелигенција и зошто се одлучи за оваа област?
Вештачката интелигенција како индустрија станува сè поразвиена и како резултат на тоа има сè поголема побарувачка на AI Developers насекаде во светот. Техниките кои се користат во програмирањето на AI се навистина многу интересни и претставуваат предизвик и мислам дека тоа беа основните причини поради кои се фокусирав на програмирање на AI.
Што значи да се биде првиот сертифициран AI Practitioner на Балканот?
Ох, секако, чувството е прекрасно, но од друга страна не беше лесно да се заврши ова. Мора да бидете целосно посветени на вашите планови и работа, особено кога станува збор за програмирањето. Поминав многу време учејќи и експериментирајќи со алатките за AI, но секако, на крајот трудот се исплати.
Со кои вештини се стекна на курсот за сертифициран AI Practitioner? На кого би го препорачал овој курс?
Овој курс би им го препорачал на сите што сакаат да бидат во тек со современите технологии. Без разлика на тоа дали имаат претходно познавање од областа на програмирањето или не, би им го препорачал овој курс на сите. Прво ќе се запознаете со концептите на Artificial Intelligence и Machine Learning, и потоа полека ќе навлезете во областа на програмирањето со тие алатки и ќе ја имплементирате целата таа наука во реалниот свет и во реалните деловни проблеми.
Зошто оваа сертификација е толку важна во оваа област? Што значи да се биде сертифициран AI Practitioner…
Науката за вештачка интелигенција секојдневно се развива и без нас, девелоперите, ова немаше да биде возможно. Треба да му дадете приоритет на овој курс и сертификат пред некој друг бидејќи како што реков, девелоперите со овој сертификат секогаш се чекор пред другите, без разлика дали станува збор за секојдневна работа или во процесот на ангажирање на AI програмер кој ќе биде како вас.
Кој е најдобриот начин да се успее како сертифициран AI Practitioner?
Еден совет од мене: учете темелно и со разбирање, не го посетувајте курсот само за да ви помине времето! И уште нешто, запишувајте сè! На почетокот на курсот ќе ги добиете сите неопходни материјали, но многу е важно да запишувате. Запишете што кажува тренерот бидејќи тоа е многу важно и неопходно за испитот.
Кои вештини треба да ги поседува еден сертифициран AI Practitioner за да биде успешен?
На ова прашање ќе одговарам кратко: желба да се учи, постојано да се експериментира со нови технологии и секогаш да се научи нешто повеќе од курсот. Искористете го целото слободно време да го надградите своето знаење бидејќи светот и технологиите се менуваат многу брзо.
Кој од твоите проекти те прави особено горд?
До сега, во мојата професионална кариера сум работел на прилично големи проекти. Еден од нив беше за Американ Експрес. Во однос на проектите поврзани со вештачка интелигенција, имам развиено систем за препораки за филм и систем за следење на лице во реално време.
Кое е твоето професионално мото?
Патувањето од илјада милји започнува со еден чекор.