Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
    +389 75 310 910
  • Пиши ни kursevi@semos.com.mk
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Интервју со Атанас Кардулоски

4 December, 2023

Интервју со Атанас Кардулоски

Зошто ја избра Семос Едукација?

Веќе некое време размислував да запишам курс/академија за JS, .NET или нешто слично, па кога ги разгледував опциите Семос Едукација делуваше како најпроверена опција, базирано на искуства на мои познаници.

 

Кој беше твојот прв впечаток на почетокот од Академијата и какво е твоето досегашно искуство?

Моето досегашно искуство со Академијата е позитивно. Предавачите се одлични, лесно достапни и дозволуваат простор за прашања и дискусии. Материјалот кој го изучуваме е добро структуриран го покрива конкретното што ние како студенти треба да го знаеме со цел да се адаприраме во полето на JavaScript.

 

Кои се твоите очекувања по завршувањето на Академијата?

По завршувањето на Академијата очекувам доколку се покажам како квалитетен студент, да бидам препорачан во компании каде ќе можам практично да ги применам знаењата кои ќе ги стекнам за време на студиите.