Интервју со Димитрија Ристевски – студент од Генерација 2023/24 на Акредитираната Академија за човечки ресурси
Здраво Димитрија. Најпрво, како започна твојата Семос приказна?
Бев веќе вработен како Специјалист за човечки ресурси и консултантката, а воедно и мој ментор во тој период, која во тој момент работеше како надворешен соработник за компанијата, ми препорача да се запишам на Академијата за човечки ресурси во Семос Едукација, а воедно и компанијата ја поддржа нејзината идеја. Кога ја разгледав програмата, прифатив без двоумење.
Како изгледа еден твој типичен работен ден?
Во моментов работам како Тим лидер во одделот за развој на таленти, делот од човечки ресурси кој најмногу го сакам. Обично, барем две третини од работниот ден се посветувам на некоја работна задача за која е потребно повеќе време да се оствари, собирам информации за одредена обука која ја имаме во планот за обуки и правам презентација за истата, одржувам одредена обука, или пак, давам поддршка на некој кој треба дента да биде обучувач.
Периодов сме посветени и на подготовка на годишната евалуација на вработените како дел од менаџирањето на перформанси, па секојдневно имаме состаноци со менаџерите и супервизорите за како да го извршиме овој процес најдобро што можеме. Периодот кога завршува една календарска година е посветен и на планирање и буџетирање за наредната. Останатиот дел од работниот ден е посветен за секојдневни задачи, состаноци, администрација, извештаи или други тимски задачи. Динамично е и интересно, до сега немам еден ден да имам исти повторливи работни задачи.
Кое е твоето лично мото?
Имам неколку, но би издвоил три:
- Изработувај ги задачите најдобро што можеш и правилно бидејќи нема да имаш време да ги правиш одново;
- Безусловно вложувај екстра љубов во сè што работиш;
- Секој ден направи барем еден мал чекор кон долгорочната визија.
Кои карактеристики треба да ги поседува еден успешен Специјалист за Човечки Ресурси?
Пред сè, тоа што го работи да го работи со страст. Само така сите предизвици ќе се согледаат како можност за раст, а не како проблем или пречка. Следно, да стане Mастер во градење квалитетни релации со луѓето. Да биде човек што иницира секојдневно позитивни промени и е проактивен во секој момент. Растот и развојот е лична одговорност на секој вработен во човечки ресурси. Да знае да заземе цврст став кога е потребно.
Што би им препорачал на идните студенти на Академијата за Човечки Ресурси во Семос Едукација?
И после година и половина после завршувањето на Aкадемијата, професорите и останатите студенти се секојдневно достапни за било какви прашања и се огромна поддршка за сите нас. Јас би им препорачал на идните студенти навистина да се вложат во процесот на учење и да бидат активни учесници. Дефинитивно вложениот труд во комбинација со поддршката од професорите и останатите колеги е одличен предуслов за успех. И нека уживаат во процесот, секако ќе бидат подобра верзија од самите себеси кога ќе ја завршат Академијата.