Career UP со Драгица Атанасоски
Која е Драгица Атанасоски?
За себе можам да кажам дека сум голем ентузијаст за изучување на нови нешта. Желбата за постојан напредок и изучување на модерните технологии ме инспирираше да почнам посериозно да истражувам за професијата веб дизајнер. Со оглед на тоа дека сум креативец во душа, бев во потрага по нешто што ќе ми овозможи да го искомбинирам визуелното со функционалното.
Зошто се одлучи за Академијата за веб дизајн на Семос Едукација?
За Академијата за веб дизајн на Семос Едукација се одлучив поради неколку причини кои беа од големо значење за мојот личен и професионален напредок. Прво и најважно, академијата има одлична репутација и е позната по квалитетното образование во областа на веб дизајнот. Чувствував дека оваа институција ќе ми овозможи комплетно знаење, со фокус на актуелните технологии и најдобри практики во индустријата, како и можноста да работам на реални проекти со реални клиенти за време на студиите.
Која беше твојата претходна, а која сегашна работна позиција?
Мојата претходна работна позиција беше во угостителскиот сектор, каде работев како дел од тимот во ресторан или хотел, а сегашната моја работна позиција е SEO (Search Engine Optimization) практикант во Enterprise League каде што работам на оптимизирање на веб-страниците и содржината за пребарувачите како и анализа на податоци, изработка на креативни SEO стратегии и имплементација на техники за подобрување на видливоста и присуството на компанијата online.
Како го користиш знаењето кое го стекна за време на обуката во Семос Едукација?
Предноста на Академијата за веб дизајн на Семос Едукација е тоа што после завршувањето на академијата, стекнувате знаење и вештини со кои можете да конкурирате на различни позиции, како Front-end developer, UI/UX дизајнер, SEO specialist… You choose 😀 Со изучувањето на Аdobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe XD, HTML, CSS, JavaScript сега можам да креирам естетски прилагодени и функционални веб-сајтови. Изучувањето на процесот на тестирање на кориснички интерфејси и структурирање на информацијата или попознато како UI/UX, сега го применувам во креирањето на веб-страници што се лесни за навигација и овозможуваат позитивно искуство за корисниците. Со изучување на техниките за оптимизација или SEO на веб страни на пребарувачот ја научив важноста на креирањето на квалитетен и релевантен содржински материјал што сега го применувам како SEO практикант во Enterprise League.
Што би им препорачала на оние кои сакаат да направат career switch?
Go for it! Најголемите авантури се кријат зад промените. Верувајте во себе и вашиот потенцијал и продолжете да се развивате и растете како професионалец и личност.