Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
  • Пиши ни kursevi@semos.com.mk
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Зошто е голема побарувачката за експерти за сајбер безбедност?

14 June, 2024

Зошто е голема побарувачката за експерти за сајбер безбедност?

Во свет каде што сè повеќе се заснова на дигитални технологии, безбедноста на нашите податоци и информации станува основен предизвик. Сајбер безбедноста не е само термин, туку критичен аспект од нашиот секојдневен живот кој што влијае на сите аспекти од нашата приватност, лични податоци, финансии и дури и на националната безбедност.

Интересни факти:
– Секундата на сајбер напади: Секоја секунда, преку 2,200 сајбер напади се случуваат во светот, што прави повеќе од 75 милиони напади годишно. Ова покажува засилена потреба за заштита и борба против сајбер криминалот.
– Брз раст на кариера: Програмерите за сајбер безбедност се меѓу најбрзо растечките професии, со потреба која се зголемува за 32% до 2028 година според BLS. Компаниите со години се мачат да ги пополнат работните места во сајбер-безбедноста; лани на секои 100 вработувања имало дупло помалку, a oва отвора големи можностите за трудов и кариерно напредување.
– Инвестирање во обука: Постојат високо платени позиции во областа на сајбер безбедноста, како што се етичките хакери кои заработуваат просечна плата од $98,000 годишно. Обуката и сертификациите можат да направат голема разлика во вашата кариера.
Зошто би направил промена на кариерата во сабјер безбедноста?

Сајбер безбедноста нуди разновидни кариерни патеки кои можат да ја трансформираат твојата професионална патека:
• Етички хакер: Тестирање на безбедносните мерки преку симулирање на напади, со цел да се откријат и поправат слабостите во системот.
• Специјалист за безбедност на податоци: Имплементација на безбедносни политики и процедури за заштита на информациите од неовластен пристап.
• Консултант за сајбер безбедност: Помагање на организации да ја подобрат својата кибер безбедност со совети и техничка поддршка.
Вложување во курсеви за сајбер безбедност ти дава можност за глобално признати вештини, што значи дека можеш да работиш во различни индустрии и географски региони. Кариера во сајбер безбедноста вклучува постојани предизвици и иновации, што ти овозможува да се развиваш и да учиш секојдневно. Ако си заинтересиран за влијание во современата технологија и заштита на приватноста, вклучи се новиот курс Foundations of Cybersecurity по промотивна цена кој стартува на 24 јуни. Учи од експерт кој е 25 години дел од оваа индустрија и стекни ги неопходните вештини за сајбер безбедност.
3.5 милиони работни места чекаат на тебе!

 

Аплицирај на следниот линк.