Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
  • Пиши ни kursevi@semos.com.mk
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Летен дигитален камп – Водно

13 June, 2024

Летен дигитален камп – Водно

Разговораме со Елена Петковска, Sales Specialst во детскиот едукативен центар на Семос Едукација, каде за прв пат организираат дигитален летен камп – Водно за деца од 7 – 17 години

Здраво Ели, можеш ли да ни кажеш повеќе за Дигиталниот Камп-Водно? Кои активности ќе бидат вклучени?

Здраво. Како што знаеме детскиот оддел во Семос Едукација успешно едуцира слушатели од 7 до 17 години, повеќе од 28 години. Одделот нуди палета од 28 кратки курсеви, во различни области, 2 менторски програми за средношколци и една ИТ академија на средношколци.

Ова лето Детскиот оддел во Семос Едукација организира Дигитален камп Водно, кој за цел има да ја конектира ИТ областа со природата. Учесници на возраст од 7 до 17 години, ќе имаат можност да се приклучат на пет дневните работилници, кои ќе бидат комбинирани со активности на отворено. Всушност, учесниците, тимски, ќе работат на различни теми од ИТ областа. На крајот на секоја работилница тимовите ќе имаат задача, реализираното да го конектираат со реалноста.

Што инспирираше организирање на овој камп и кои се неговите главни цели?

Поттикот за креирање на овој камп доаѓа од моментот, каде, на секој од нас му е потребна активност на отворено, особено во топлите летни денови, за време на распустот. И ако таа активност е надополнета со едукација, ИТ работилница, придобивката би била уште поголема. Од оваа причина одлучивме да организираме ИТ работилници комбинирани со активности на отворено.

Овој камп нуди извонредно образовно искуство, кое значително се разликува од традиционалното опкружување во училницата. На децата им нуди можност за истражување, креативност и поврзување со природата додека учат вредни ИТ вештини.

Како ќе биде структурирана програмата на кампот за учесниците?

Програмата на Дигиталниот летен камп Водно е структурирана за да може да се прилагоди на возраста на учесниците, како и на нивниот интерес. На првиот ден, на запознавање, учесниците ќе бидат поделени во тимови. Секој тим ќе одбере една од зададените теми. Во текот на работилницата, темата интерактивно ќе се разработува. Слушателите ќе имаат можност да креираат игри, да креираат апликации или дигитални приказни, под надлежност на искусен ментор во ИТ областа, предавач во детскиот оддел на Семос Едукација. На крај на секоја работилница, учесниците, како тим, ќе имаат можност за презентација. Секоја обработена тема, ќе има соодветна конекција со природата. Дигиталната приказна, ќе биде презентирана на отворено, на Водно, од каде и ја црпиме инспирацијата за тема на работилницата.

Кои се придобивките за децата од овој камп?

  • Планината Водно обезбедува надворешна, природна средина со свеж воздух, живописен поглед и можности за физичка активност.
  • Практично учење : На планината Водно, децата можат да се вклучат во практични искуства за учење кои ја интегрираат технологијата со активности на отворено. Тие можат да создаваат мултимедијални проекти инспирирани од природата.
  • Социјална интеракција: тимската работа и планината Водно промовираат социјална интеракција во природен, неструктуриран амбиент. Децата можат да соработуваат со врсниците, заедно да решаваат проблеми и да градат односи во надворешна средина.
  • Физичка активност : Децата можат да пешачат, истражуваат и да се вклучат во игри на отворено додека учат ИТ вештини. Ова го промовира физичкото здравје и благосостојба.

 

Што треба да очекуваат родителите по завршување на овој камп?

Родителите на деца кои посетуваат дигитален камп Водно, може да очекуваат уникатен спој на искуства и можности за нивните деца. Еве неколку клучни очекувања:

  • Технолошка интеграција: Децата ќе имаат пристап до различни дигитални алатки и платформи, учејќи нови технологии во практично опкружување.
  • Учење базирано на природа: Комбинирање на дигитално учење со активности на отворено за да се поттикне интеракција со природата.
  • Пешачење и истражување: Водени планинарења и истражување на планинската средина.
  • Физичка кондиција: Поттикнување на физичка активност преку структурирани игри и авантури на отворено.
  • Градење на тим: Активности дизајнирани да промовираат тимска работа, соработка и решавање проблеми.
  • Лидерски вештини: можности за децата да преземат лидерски улоги и одговорности.
  • Социјална интеракција: Интеракција со врсници од различно потекло, поттикнување социјални вештини и пријателства.

 

Генерално, родителите може да очекуваат добро заокружено искуство за нивните деца што комбинира дигитално образование со авантури на отворено, промовирајќи и интелектуален и личен раст.

Уписите за дигиталниот камп се во тек и може да го пријавите вашето дете на следниот линк.