Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
    +389 75 310 910
  • Пиши ни kursevi@semos.com.mk
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Интервју со Марина Стојановиќ

4 December, 2023

Интервју со Марина Стојановиќ

Здраво Марина. Кој беше твојот прв впечаток на почетокот од Академијата и какво е твоето досегашно искуство?

Секој почеток е тежок и голем предизвик, но со помош на предавачите кои се секогаш достапни, самото презентирање на материјалот низ практични примери, дополнителни вежби и домашни задачи, поддршката и професионалноста, значително се олеснува процесот на усвојување на материјалот.

 

Кои се твоите очекувања по завршувањето на Академијата?

По завршувањето на Академијата очекувам дека ќе поседувам соодветни знаења, способности и вештини од областа на JavaScript и дека истите понатаму ќе ги надградувам во една од најперспективните професии како веб девелопер.

 

Кога би можела да одбереш уште една Семос Академија за да го надополниш своето знаење, која би била таа?

Академијата за вештачка интелегенција би била мојот избор, бидејќи станува се поактуелна и применлива.