Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
    +389 75 310 910
  • Пиши ни kursevi@semos.com.mk
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Интервју со Маја Ангелеска

21 December, 2023

Интервју со Маја Ангелеска

Здраво Маја. Најпрво, зошто се одлучи за Академијата за Software Tester?

IT индустријата нуди голем број можности и предности за сите кои сакаат да направат промена и да се впуштат во нови предизвици и знаења. Оваа професија е доста интересна и овозможува истакнување на креативноста и изнаоѓање нови решенија за предизвиците во работата. За Академијата слушав многу позитивни коментари и разгледувајќи ја содржината на програмата воопшто не се двоумев за изборот на Семос Едукација и Aкадемијата за Software Tester.

 

Кои карактеристики треба да ги поседува еден успешен Software Tester?

За да се биде успешен софтвер тестер најважно е да се има желба за постојано учење и надградување. Најважна карактеристика што треба да ја поседува успешен Software Tester e „attention to detail”, може да се каже да се биде перфекционист. Други важни карактеристики кои го издвојуваат софтвер тестерот се комуникативност, споделување нови идеи, да се биде тимски играч, организираност, љубопитност и секако логичко размислување.

 

Три работи што најмногу ти оставија впечаток на Академијата?

Ако морам да издвојам само три работи, тоа би биле:

  • Организираноста на самата академија;
  • Начинот на предавање и споделување на знаења, вештини и вметнување на практични примери и вежби;
  • Достапност на изобилство материјали за совладување на потребнoтo знаењe.