Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
    +389 75 310 910
  • Пиши ни kursevi@semos.com.mk
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Нови два проекти на Семос Едукација: „Дигитализирани младински стартапи” и „Моќни економисти“

21 May, 2024

Нови два проекти на Семос Едукација: „Дигитализирани младински стартапи” и „Моќни економисти“

Проектите ќе се реализираат во соработка со USAID’s Youth Actively Create Opportunities Activity

На 14 Мај во хотелот Александар Палас, се одржа церемонијата за доделување на сертификати за добитниците на грантови од програмата на USAID’s Youth Actively Create Opportunities Activity која е имплементирана од IESC во партнерство со Младински образовен форум – МОФ и CEED Hub од Скопје.

Поздравно обраќање на настанот имаше претставникот на USAID, Џери Дибл кој посака успешна   реализација на грантистите кои во рамки на своите проекти ќе работат на поддршка на младите во креирање на можност за стажирање и вработување, развивање на нивните вештини и поттикнување на граѓанско вклучување.

Во рамки на овој повик Семос Едукација е добитник на два гранта и тоа: „Дигитализирани младински стартапи” и „Моќни економисти: Иднина во светот на податоците и вештачката интелигенција“ во кои е предвидено градење на младинските капацитети во сфера на дигиталните вештини и стекнување квалификации кои ќе им помогнат поуспешно да се пласираат на пазарот на трудот и да бидат успешни во она што го работат.

Реализацијата на проектите ќе започне од 1 јуни 2024 и ќе трае до ноември оваа, односно јуни следната година. Наскоро, ќе бидат достапни повеќе информации за самите проекти.