Промотивна бесплатна препорака на слушатели
Се соочувате со недостаток на вработени? Кариерниот Центар на Семос Едукација може да Ви помогне.
Искористете ја можноста да добиете бесплатна препорака на слушатели од официјалните обуки на Семос Едукација.
Вработи
Microsoft Data Analyst | Junior Java Developer | MERN Stack Developer
Имате потреба од вработени?
Се соочувате со предизвикот да најдете доволно обучени лица?
Ние сме тука да Ви помогнеме!
Искористете ја промоцијата која Ви ја нуди Кариерниот Центар на Семос Едукација. Подготвени сме заедно со Вас, да се соочиме со предизвикот и да Ви помогнеме да ги најдете соодветните обучени кадри БЕСПЛАТНО.
Дозволете ни да Ви го претставиме профилот на слушатели од официјалните обуки во рамки на Семос Едукација, кои се имаат стекнато со потребното техничко знаење за да можат да одговорат на барањата во нивната област.
Станува збор за лица кои иако се технички обучени, сепак имаат потреба од понатамошно менторство и практична надоградба.
Доколку сте заинтересирани, можете да одберете еден од трите профили кои ги нудиме во рамки на оваа понуда:
1. Microsoft Data Analyst
Во рамки на официјалната Microsoft обука, слушателите ги изучуваа следниве модули:
- 55232: Writing Analytical queries for business intelligence (24 часови)
- 20779: Analyzing data with Excel (24 часови)
- 20778: Analyzing data with Power BI (24 часови)
*Положени испити: 70-778: Analyzing and Visualizing Data with Power BI; 70-779: Analyzing and Visualizing Data with Microsoft Excel
2. Junior Java Developer
Во рамки на официјалната Oracle обука, слушателите ги изучуваа следниве модули:
- Java Fundamentals (40 часови)
- Java Programming (40 часови)
- My SQL for developers (32 часови)
*Положени испити: Oracle Certified Associate Java Programmer
3. MERN Stack Developer
Во рамки на официјалната Microsoft обука, слушателите ги изучуваа следниве модули:
- 20480: Programming in HTML5 with Java Script and CSS3 (40 часови)
- Node.js & MongoDB (30 часови)
- Node.js (30 часови)