Од Семос Академии до пракса во Семос Едукација
Kажи ни нешто за себе?
Имам 23 години и сум дипломиран психолог со огромна желба за спроведување на истражувања во мојата област. Активен член сум на повеќе волонтерски организации, со активности кои се движат од смени на СОС телефон до држење на обуки. Од јуни 2023, официјално сертифициран специјалист за човечки ресурси. Како личност сум многу амбициозна и позитивна.
Како одлучи да се запишеш на Академија во Семос Едукација?
После детално истражување на сите едукативни центри, решив дека за мене најдобар избор е Академија за човечки ресурси на Семос Едукација. При аплицирање на академијата, ја добив прекрасната можност да станам една од овогодинешните стипендистки.
Опиши го твоето искуство со Академијата и што најмногу ти се допадна од неа.
Од Академијата имам прекрасно искуство и се запознав со прекрасни луѓе. Најмногу ми се допаѓа поддршката која ја добиваме од предавачите за време и по завршување на академијата.
Која беше улогата на Кариерниот центар во отпочнување на пракса во Семос Едукација?
Благодарение на Кариерниот центар и прекрасните препораките на предавачите од Aкадемијата, ја добив можносtа да станам практикант во самиот Кариерен центар на Семос Едукација.
Како изгледа еден твој работен ден како практикант во Семос Едукација и што најмногу ти се допаѓа во твојата нова работна средина?
Мојот работен ден започнува со состанок со мојот ментор и состанок со тимот на Кариерниот центар каде се доделуваат задачи на неделно ниво. Во канцелариите владее пријателска атмосфера што влијае сите практиканти и вработени да се чувствуваат прифатено. Најчесто истражуваме можности за кариерен развој и напредок на слушателите на академиите/курсевите/обуките во Семос Едукација.
Што е тоа што денес го применуваш како практикант во Семос Едукација, а го научи за време на Академијата?
Најчесто ги применувам принципите од модулот за развој на вработените, односно пронаоѓање на вистинска личност за вистинското место. Тука би го вброила и усогласувањето и карактеристиките на слушателите/кандидатите со карактеристиките на новоотворени работни места. Исто така и можности за иден развој и овозможување на пракси и обуки и способноста да ги сослушам потребите на слушателите и соодветно на нив да одговорам.
Кои се твоите идни кариерни очекувања и желби кои би сакала да ги споделиш со нас?
Имам големи планови за мојата кариера. Секогаш се трудам сите планови во врска со кариерата да ги остварам. Би сакала да продолжам да се надоградувам во мојата кариера, да ги развијам вештините како кариерен специјалист и првенствено како психолог.