Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
    +389 75 310 910
  • Пиши ни kursevi@semos.com.mk
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Oд Семос Академии до пракса во Семос Едукација

18 October, 2023

Oд Семос Академии до пракса во Семос Едукација

 

Kажи ни нешто за себе?

Студент по психологија со големи аспирации за успех во областа на човечки ресурси и психотерапија. Отворена личност, амбициозна и упорна, со постојана жед за надградба на сопствените вештини и знаења.

 

Како одлучи да се запишеш на Академија во Семос Едукација?

Најважен капитал во една компанија се вработените и компаниите се повеќе стануваат свесни за потребата за нивна грижа. HR Академијата во Семос Едукација нуди огромни можности за развивање на карерата во оваа област. Со нивното дологогодишно искуство во обучување на кадри и исклучително стручните предавачи, оваа академија изгледаше како вистинската опција за мене и за надградување на моето знаење во областа на човечките ресурси.

 

Опиши го твоето искуство со Академијата и што најмногу ти се допадна од неа.

HR академијата беше одлично организирана и се одвиваше без препреки, а предавачите со нивното долгогодишно искуство и изобилство од практични примери го правеа учењето уште позабавно.

 

Која беше улогата на Кариерниот центар во отпочнување на пракса во Семос Едукација?

Кариерниот центар ме контактираше со понуда за пракса преку препорака на предавачите од Академијата. Тие секогаш беа отворени за прашања и совети и многу ми помогнаа во аклиматизирањето во мојата нова улога како практикант.

 

Како изгледа еден твој работен ден како практикант во Семос Едукација и што најмногу ти се допаѓа во твојата нова работна средина?

Работниот ден се разбира дека започнува со ладно кафе и продолжува со изобилство од активности, состаноци и комуникација со луѓе. Најубавиот дел од праксата во Семос Едукација се колегите, нивната отвореност за соработка и давање совет кога е најмногу потребен.

 

Што е тоа што денес го применуваш како практикант во Семос Едукација, а го научи за време на академијата?

Најважниот дел од нашата област е учењето кој е најдобриот и најефиксниот начин за комуницирање со луѓето и нивно мотивирање. Од Академијата научив професионална комуникација и многу ефикасни начини за мотивација на вработените.

 

Кои се твоите идни кариерни очекувања и желби кои би сакала да ги споделиш со нас?

Во иднина би сакала да продолжам да ги развивам и усовршувам моите комуникациски вештини, да напредувам во областа на психологијата, вклучително и човечките ресурси.