Биди наш Талент Партнер
Инспирирани од статистиките:
- 50% од ХР менаџерите имаат отворени позиции, за коишто не можат да најдат квалификуван кадар (Career Builder)
- 36% од вработените лица и околу половина од миленијалците би напуштиле работа којашто не им пружа можности за учење (Docebo)
- 73% од вработените лица рекле дека би останале во компанија којашто нуди повеќе можности за учење и развој на нови вештини (LinkedIn)
Jа креиравме програмата за Талент Партнери која ќе им помогне на компаниите да добијат високо квалификуван кадар и ќе им овозможи поддршка на слушателите во поглед на нивниот професионален развој.
Што е Талент Партнер:
- Компанија којашто помага во развивање на нови кадри и таленти.
- Општествено одговорна компанија.
- Компанија која е во тек со технологиите и новите професии, како и сите промени коишто се случуваат на пазарот на трудот.
- Модерна и иновативна компанија со отворен mindset.
- Конкурентна компанија, која се адаптира согласно потребите на пазарот.
Зошто да се приклучите како Талент Партнери?
Ќе имате можност да ја промовирате вашата компанија пред идните ИТ и ХР професионалци.
Семос Едукација продуцира високо квалификувани кадри од ИТ и ХР сферата. Вие ќе ја имате уникатната можност, први да ги запознаете идните професионалци коишто ќе работат во овие области и да им понудите пракса на оние слушатели за кои сметате дека најдобро ќе се вклопат во вашата компанија.
Ќе ја споделите вашата идеја, нашите студенти ќе ја развијат и ќе ви го презентираат нивното решение.
Како продолжение на практичниот дел од едукацијата на студентите, тие ќе ја развијат идејата согласно потребите и барањата на вашата компанија.
Ќе бидете меѓу првите кои ќе добијат препораки и информации од страна на Кариерниот центар.
Како партнери на академиите ќе бидете меѓу првите кои ќе добијат препораки за најдобрите слушатели. Со поддршка од Кариерниот центар ќе ги селектирате идните членови на вашиот тим.
Како можете да се станете Талент Партнери во рамки на академиите во Семос Едукација?
Постојат неколку начини:
- Стипендирање на најдобрите студенти и вложување во нашиот Talent Development pool, со што станувате Премиум Талент Партнери и добивате дополнителни поволности;
- Можност за вклучување на наш студент како практикант или вработен во вашата компанија;
- Задавање на проект на нашите студенти;
- Присуство на презентации на проекти на нашите студенти, зададени од страна на нивните ментори.
Доколку сакате да станете наши Талент Партнери, оставете ги вашите контакт информации на овој ЛИНК и ќе бидете контактирани од страна на Кариерниот центар на Семос Едукација.