Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
    +389 75 310 910
  • Пиши ни kursevi@semos.com.mk
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Успешна приказна – Јана Страшевска

21 February, 2024

Успешна приказна – Јана Страшевска

 

Кажи ни нешто за себе. Која е Јана?

Здраво, јас сум Јана Страшевска, по професија, дипломиран правник, магистер, со положен правосуден испит со 11-годишно работно искуство во професијата. По природа емпатична и лојална личност, комуникативна и отворена за животните предизвици. Љубител во спортот, пасија пилатес и читање книги, релаксација во природа, обожавател на животните и зависна од пријателите и семејството.

 

Зошто ја избра Семос Едукација?

За Семос Академијата за човечки ресурси дознав од една од моите најдобри пријателки, која беше дел од друг едукативен курс и која по многу кратко раскажување за текот и динамиката на наставата, тимот на предавачи, интерактивните задачи и проекти, многу лесно и едноставно ме убеди да се запишам на Академијата за управување и развој на човечки капитал. Едноставно знаев дека правам огромен чекор за мојот личен напредок, раст и развој во професионалниот ангажман.

 

Кој беше најинтересниот и омилен дел од наставата?

За мене најинтересен и омилен дел од наставата ми беа интерактивните вежби и задачи кои ги имавме речиси во секој од модулите. Во тој дел имав посебна можност да ја истакнам мојата креативност, да ги преточам моите идеи во реални проекти и секако да стекнам нови искуства и нови знаења. Посебно би ја истакнала проектната задача од модулот Performance Management, во која имавме за цел да изготвиме Формулар за евалуација на работниот учинок, кое беше нешто ново и непознато за мене. Дополнително ме натера мене и мојот тим да истражуваме, анализираме, читаме. За на крајот да успешно го преточиме во одлично изработена и испрезентирана домашна задача, за која добивме големо „Браво“ од нашиот ментор Искра за која упатувам посебна благодарност и комплименти за несебичната посветеност, мотивација и инспирација која ни ја даваше.

 

Топ 5 вештини кои ги научи на Академијата?

Топ 5 вештини кои ги научив на Академијата: ПОСВЕТЕНОСТ НА САМОПОДОБРУВАЊЕ, ЕКСПЕРТИЗА ЗА ГРАДЕЊЕ ОДНОСИ, ФЛЕКСИБИЛНОСТ, ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, КРЕАТИВНОСТ.

 

Дали наученото од Академијата го применуваш во секојдневниот живот и колку ти помогна да напредуваш во кариерата?

Наученото од Академијата е дел од мојот секојдневен живот и работење. Академијата претставува огромна отскочна даска во мојата професионална кариера, која ми отвори нови видици и хоризонти, нови можности, преку која стекнав нови познаници, ментори и едукатори и претставува моја успешна приказна која засекогаш ќе биде дел од мене.

И да, Академијата топло ја препорачувам на сите мои блиски, соработници,колеги, познаници, роднини и пријатели!