Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
    +389 75 310 910
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Разговараме со Владо Попов, раководител на тестинг центарот во Семос Едукација

24 July, 2025

Разговараме со Владо Попов, раководител на тестинг центарот во Семос Едукација

Во срцето на Скопје, во професионална и сигурна атмосфера – запознајте го Pearson VUE Select Test Center на Семос Едукација, единствениот ваков тип тестинг центар во Македонија.

  1. Владо, што претставува тестинг центарот на Семос Едукација и по што се разликува од другите?

Нашиот тестинг центар е официјален Pearson VUE Select Test Center и единствен Select тестинг центар во Македонија што значи дека нудиме можност за полагање на најбараните и најпризнатите професионални сертификации – Microsoft, Cisco, PMI, AWS, CompTIA, ISC2, AHIMA, F5, IIA, GMAT и многу други.

Ова е повисоко ниво на партнерство со Pearson VUE. Select тестинг центрите:

  • Се избираат врз основа на строги критериуми, како: висок квалитет на услуги, сигурност и досегашно искуство.
  • Имаат пристап до повеќе испити, вклучително и испити кои не се достапни во стандардните центри.
  • Имаат поголем капацитет, подолги работни часови и пософистицирани технички ресурси.
  • Pearson VUE ги третира како приоритетни партнери за нови програми или важни испити.

Сместени сме во центарот на Скопје и обезбедуваме строго контролирана, тивка и професионална средина за полагање. Ова не е само простор за испит – туку мост кон нови можности во кариерата.

  1. Колку е важна професионалната сертификација денес, според вашето искуство?

Во време кога знаењето и вештините се главна валута на професионалниот пазар, сертификацијата стана суштинска. Без разлика дали сте на почеток или веќе имате долгогодишно искуство, меѓународно признатите сертификати се доказ за вашата експертиза и способност да работите според глобални стандарди. Тие ја зголемуваат конкурентноста, отвораат врати за нови проекти и позиции, градат доверба кај работодавачите и директно влијаат врз напредокот и потенцијалот за повисоки приходи.

  1. Кој се тестира кај вас? Дали има одреден профил на кандидати?

Најчесто кај нас полагаат ИТ професионалци – систем администратори, мрежни инженери, cloud специјалисти. Но, сè почесто гледаме и кандидати од менаџмент, финансии, здравство и дури и образование. Ова покажува дека сертификациите не се резервирани само за ИТ секторот – тие се важни во сите индустрии кои сакаат да работат по меѓународни стандарди.

  1. Како изгледа целиот процес од закажување до полагање?

Процесот е едноставен и флексибилен. Кандидатите можат самостојно да се пријават преку официјалниот веб-сајт на Pearson VUE, или  уште поедноставно директно преку нашиот тест администратор, преку е-пошта или телефон, а ние сме тука за техничка и административна поддршка на македонски и англиски јазик. Обично нудиме термини секој работен ден, а просторот е специјално подготвен – тивок, климатизиран и со најнова опрема, според строгите барања на Pearson VUE.

  1. Што го прави вашиот центар доверлив избор за сертификација?

Пред сè, безбедноста и интегритетот. Работиме под строги правила и процедури кои го гарантираат кредибилитетот на целиот испитен процес. Но и човечкиот пристап е важен – нашата цел е кандидатите да се чувствуваат поддржано, сигурно и спокојно додека го прават овој важен чекор во кариерата.

  1. Каква порака имате до оние кои размислуваат, но сè уште не се одлучиле да полагаат?

Не дозволувајте вашето знаење да остане незабележано. Потврдете го со призната сертификација – тоа не е само хартија, туку инвестиција во вас самите. А кога веќе се одлучувате, полагајте таму каде што знаете дека сте во сигурни раце. Нашиот тестинг центар е токму тоа – поддржувач на вашиот кариерен напредок.

📍 Pearson VUE Select Test Center – Семос Едукација
🎯 Ваша следна дестинација за глобално призната сертификација.


📩 Контактирајте нѐ денес и закажете го вашиот испит!