Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
    +389 75 310 910
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

AI обуки за млади претприемачи во Вештачка интелигенција

16 September, 2025

AI обуки за млади претприемачи во Вештачка интелигенција

 

Повик за апликација

За учество на обуки за вештачка интелигенција за млади претприемачи

 ПОДДРЖАНА ОД ЕВРОПСКА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ (ЕБОР)

СЕМОС Едукација, во рамките на проектот „Зајакнување на вештините на младите претприемачи со Вештачка интелигенција“ (Enhancing Skills of Young Entrepreneurs through Artificial Intelligence), финансиски поддржан од програмата на ЕБОР, отвора повик за апликации.

Целта на програмата е да им овозможи на младите претприемачи практични и флексибилни знаења за примена на AI алатки во деловното работење и да ја поттикне нивната конкурентност и иновативност.

 

ПОВИК

Се повикуваат мали и средни претпријатија да се пријават за учество на обука поврзана со примена на вештачка интелигенција (АИ) во бизнисот.

 

Повикот е наменет за:

Млади лица до 35 години кои се сопственици и/или управители на мали или средни претпријатија кои активно работат минимум 1 година.

 

Критериуми за пријавување на компаниите:

  • • Компанијата треба да биде активна минимум една година.
  • • Компанијата треба да има сопственик и/или управител кој е на возраст до 35 години.
  • • Управителот мора да биде наведен во тековната состојба на компанијата.

 

Начин на пријавување:

  • • Пријавувањето се врши по електронска пошта на:
    📧 nikolina.stojanovska@semos.com.mk
  • • Потребни документи:
    1. 1. Тековна состојба на компанијата
    2. 2. Кус опис на компанијата

 

Финансиска партиципација:

  • • Секој учесник ќе има партиципација од 50 евра

 

ШТО ДОБИВАТЕ СО ОВАА ПРОГРАМА?

2 Обуки

  1. 1. Microsoft Copilot – користење на AI за продуктивност, анализа на податоци, комуникација и креирање документи. | 6 часа
  2. 2. ChatGPT и AI алатки – истражување на пазар, подобрување на продажба и маркетинг, креирање содржини, визуелизации и стратегии за развој. | 6часа

Избор помеѓу една од двете работилници:

3. Финансии и AI – читање и анализа на финансиски документи, пресметка на KPI, носење одлуки базирани на податоци.(6 часа)

ИЛИ

4. Маркетинг и социјални мрежи со AI – стратегија, креирање содржини, визуелен идентитет, органски и платени кампањи. (6часа)

Избор помеѓу една од двете работилници:

5. Менторство (индивидуални, online, 2 часа)

  • •  Персонализирана поддршка за примена на AI решенија во компанијата.
  • •  Развивање мини план за дигитална трансформација, конкретни алатки и содржини.

6. Networking настан кој ќе вклучи презентација на финални проекти, размена на искуства и можност за вмрежување со експерти од различни индустрии.

 

👉 Пополнете ја формата за апликација тука:

Не ја пропуштајте можноста!

Научете како AI може да го трансформира вашиот бизнис

 

Процес на селекција:

  • • Ќе бидат избрани 20 компании кои ги исполнуваат сите критериуми.
  • • Избраните компании ќе треба да номинираат еден кандидат за учество на обуката.

 

Рок за пријавување:

  • • Компаниите треба да ги достават сите документи во рок од 10 дена од објавувањето на повикот.
    📅 Крајниот рок за пријавување е: 10 октомври 2025

 

Дополнителни информации:

  • • Компании кои нема да достават комплетна и соодветна документација ќе бидат автоматски елиминирани.
  • • Ќе биде формирана листа на чекање од 10 компании кои ги исполнуваат критериумите, но не се избрани во првиот круг.
    Во случај на откажувања, компаниите од листата на чекање ќе бидат контактирани и може да им бидат побарани дополнителни информации.