Aitonix и Кариерниот центар на Семос Едукација
Кои се Aitonix?
Aitonix е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Косово, Бугарија). Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нудиме, станавме клучен фактор во IT секторот во Македонија. AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Xerox итн. Освен дистрибуција на IT производи, компанијата има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија. Важен дел од услугите кои ги нудиме е и пост-продажното опслужување во сертифицираниот сервис на компанијата кој одговара на потребните меѓународни стандарди.
Зошто Кариерниот центар на Семос Едукација?
Како прв и најголем едукативен центар во Македонија, Семос Едукација ги опфаќа сите потребни дисциплини кои се клучни за нашата компанија, обезбедувајќи високо квалификуван кадар од областа на IT секторот, па оттука произлегува и нашата доверба во професионалните услуги на Кариерниот центар.
Како Кариерниот центар ви помогна да врaботите System Administrator?
Со оглед на проширувањето на обемот на работа, потребата од пополнување на позицијата System Administrator беше неопходна. Нашата одлука да се оствари контакт со Семос Едукација, единствениот официјален центар за сертификација на Microsoft беше безрезервна. Верувавме дека преку нивна препорака ќе најдеме квалификувани, сертифицирани кадри кои соодветно би се вклучиле во тимот на Aitonix. Одговорија навремено и професионално, притоа нудејќи квалтитетни кадри кои совршено се вклопија нашите барања. Со еден од кандидатите веќе е договорен ангажман во нашата компанија.
Што најмногу ви се допаѓа во соработката со Кариерниот Центар?
Во процесот на селекција, Семос Едукација со нивната компетентност и ажурност, навремено одговорија на сите наши барања, преку соодветни солуции. Нивното искуство и долгогодишна етаблираност на пазарот уште еднаш потврдија дека се синоним за квалитет во својата област.
Што би им препорачале на компаниите кои се соочуваат со предизвици при пронаоѓање на нови членови на нивниот тим?
Во екот на дигиталната ера, каде IT кадрите се неизбежен сегмент во секоја компанија, доквалификациите и усовршувањата се сè почести. Притоа Семос Едукација нуди компетентни професионалци кои сериозно ги исполнуваат потребите во IT сферата. Токму преку нивните програми и начинот на соработка ги олеснуваат патиштата до потенцијалните сертифицирани кандидати, а воедно имаат и огромен придонес во проширувањетo на организациската структура на вработените во компанијата.