Ново поглавје за технолошките лидери во Македонија

На 16 декември 2025 година, во Скопје се одржа првата CTO Executive Conference, организирана од Семос Едукација – стратешки настан посветен на технолошки лидери и ИТ менаџери од Македонија и регионот.
Конференцијата ги обедини технологијата, стратегијата и лидерството, отворајќи суштинска дискусија за тоа како ќе изгледа технолошкиот хоризонт до 2027 година и која е новата улога на CTO-то во ерата на вештачката интелигенција.
Под централната тема „Технолошкиот хоризонт што ќе ја обликува 2027“, учесниците имаа можност да следат инспиративни предавања, панел-дискусии и интерактивни работилници фокусирани на стратешко усвојување на AI во компаниите, трансформација на индустрии преку интелигентни технологии, сајбер безбедност и управување со податоци, развој на апликации со AI агенти, лидерство и носење одлуки во услови на брзи технолошки промени.
Посебен акцент беше ставен на глобалната перспектива за дигитална трансформација и компетенциите на иднината, презентирана од Wilfried Paroubek, претставник на Microsoft Worldwide Learning, што дополнително ја нагласи важноста на континуираното учење и развој на технолошките тимови.
Еден од највпечатливите сегменти на настанот беше „AI Adopt Workshop“, практична работилница каде учесниците работеа на реални сценарија за имплементација на AI во своите организации.
Со одлична посетеност, високо ниво на интеракција и активни дискусии, CTO Executive Conference 2025 јасно покажа дека AI e стратешка неопходност. Компаниите кои ќе пристапат кон негово усвојување со јасна визија и структура ќе бидат предводници на идните промени.
Со овој настан, Семос Едукација ја постави основата за формирање на CTO Club, професионална заедница на технолошки лидери која ќе овозможи размена на искуства, знаење и најдобри практики, градејќи култура на иновации и долгорочен развој.
CTO Executive Conference 2025 e почеток на платформа за лидерство, соработка и идни технологии.