Semos Education Semos Education
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Интерактивна работилница: „Иднината на граѓанскиот сектор – соработка, иновации и АИ“

11 September, 2026

Интерактивна работилница: „Иднината на граѓанскиот сектор – соработка, иновации и АИ“

Како изгледа иднината на граѓанскиот сектор во ера на дигитална трансформација и вештачка интелигенција?
На ова прашање заеднички баравме одговори на интерактивната работилница „Иднината на граѓанскиот сектор – соработка, иновации и АИ“, организирана од СЕМОС Едукација.
На настанот учествуваа претставници од над 20 граѓански организации и средни училишта, кои преку отворен дијалог, размена на искуства и вмрежување разговараа за предизвиците и можностите што ги носи современиот глобален контекст.
Посебен интерес предизвика практичната обука за Microsoft Copilot и Researcher, реализирана од Елена Трајковиќ. Иако голем дел од учесниците веќе користат алатки базирани на вештачка интелигенција, за многумина ова беше прва средба со Researcher, кој беше препознаен како моќна поддршка за истражување, подготовка на проекти и секојдневни работни процеси.

Во вториот дел од програмата беа претставени активностите и развојните насоки на Семос Едукација и Проектната канцеларија, преку излагањата на Марко Серафимовски, Валентина Тасева, Кристина Тасева и Тамара Буштреска.
Настанот заврши со активна дискусија за нови можности за соработка и градење посилни меѓусекторски партнерства. Заедничкиот заклучок беше јасен: граѓанскиот сектор има потреба од повеќе простор за поврзување, споделување знаење и развој на заеднички иницијативи.
Веруваме дека токму соработката, иновациите и примената на современи дигитални алатки ќе бидат клучни двигатели на развојот, отпорноста и влијанието на граѓанскиот сектор во годините што следат.