Одржан првиот „Sneak Peek“ настан на CTO Professionals Club Macedonia во Тиквеш

На 31 март 2026 година, во Винарија Тиквеш во Кавадарци, се одржа првиот настан од новата серија „Sneak Peek“ во рамки на CTO Professionals Club Macedonia, поддржан од Semos Education.


Настанот, насловен „Sneak Peek Into the World of Cvetanka Mitreva“, беше посветен на дигиталната трансформација на Tikveš Group во изминатите 20 години, а на него присуствуваа CTO‑а, IT менаџери, инженерски лидери и други професионалци од компании кои се членки на CTO Professionals Club Macedonia, активно вклучени во примена на технологијата во реални производствени средини.
Домаќин на настанот беше Цветанка Ицева Митрева, IT Manager во Tikveš Group, која преку конкретни примери го презентираше патот на компанијата – од изолирани апликации и фрагментирани системи, до денешна целосно интегрирана дигитална инфраструктура што ги поддржува сите бизнис процеси.
Во рамки на сесијата беа презентирани:
- • современи аналитички пристапи со Power BI,
- • имплементација на AI агенти и предиктивни модели,
- • примена на дрон технологија за мониторинг на лозјата,
- • дигитални алатки кои овозможуваат побрзо и поинформирано донесување одлуки.
Настанот покажа како традиција долга 140 години може успешно да се надгради со иновации, при што дигитализацијата се третира не само како ИТ иницијатива, туку како стратешка бизнис одлука што носи мерлива ефикасност, транспарентност и одржлив раст.


Серијата „Sneak Peek“ претставува нов формат во рамки на Клубот, кој ќе продолжи во текот на целата година и ќе им овозможи на членовите да бидат домаќини, да ги претстават своите тимови, компании и дигитални иницијативи, и да споделат реални искуства од пракса.
CTO Professionals Club Macedonia продолжува со својата мисија да ги поврзува сениорските технолошки лидери, да поттикнува размена на знаење и да создава силна професионална заедница во која технологијата создава реална деловна вредност.
Повеќе информации за Клубот и претстојните настани се достапни на:
👉 CTO Club