Semos Education Semos Education
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

СЕМОС ЕДУКАЦИЈА СТАНУВА GOLD PARTNER НА EC-COUNCIL

3 April, 2026

СЕМОС ЕДУКАЦИЈА СТАНУВА GOLD PARTNER НА EC-COUNCIL

Скопје, април 2026 – СЕМОС Едукација официјално е призната како Gold Partner на EC-Council, еден од водечките светски авторитети за сајбер безбедност и креатор на глобално признати сертификати како CEH, CND и други.

Ова признание е дел од новата EC-Council Partner Program, која стартува од 1 април 2026 година, и е наменета за партнери кои континуирано придонесуваат за развојот и ширењето на професионалното образование за сајбер безбедност во своите пазари.

Статусот Gold Partner е доделен врз основа на докажани резултати, долгорочна соработка и значаен придонес во развојот на EC-Council тренинг екосистемот во регионот. Со ова, СЕМОС Едукација дополнително го зацврстува своето позиционирање како релевантен и доверлив едукациски партнер во областа на сајбер безбедноста.

„Ова партнерство претставува силна потврда за квалитетот на нашите обуки, експертизата на нашите инструктори и довербата што ја градиме со години кај компаниите и професионалците,“ изјави Ирена Ивановска, сениор директор во Семос Едукација.

Новата партнерска програма на EC-Council е насочена кон стратешка соработка, заеднички раст и подлабока интеграција меѓу партнерите, со фокус на подигнување на зрелоста на организациите во областа на сајбер безбедноста.

Со статусот Gold Partner, СЕМОС Едукација ќе продолжи да обезбедува официјални EC-Council обуки и сертификати, придонесувајќи кон развој на квалификувани сајбер безбедносни професионалци и зајакнување на дигиталната отпорност на бизнисите во Македонија и поширокиот регион.