Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
    +389 75 310 910
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

„Ќе ги замени ли AI наставниците? Елена Димовска вели – напротив!“

2 October, 2025

„Ќе ги замени ли AI наставниците? Елена Димовска вели – напротив!“

Учиме заедно со АI: Поддршка за учениците, олеснување за наставниците

Кои се придобивките од вештачката интелигенција во образованието?

  • • Персонализирано учење: AI овозможува прилагодување на наставата според индивидуалните потреби на секој ученик. Тоа значи дека системот поддржан од AI ќе го замени постоечкиот пристап на one-size-fits-all со детекција на индивидуалниот потенцијал на секој ученик, побрзо надминување на предизвиците, но и можност за се поголем напредок неограничувајќи ги со лимитирана програма.
  • • Подобрување на квалитетот и ефикасноста: анализа на податоци за напредокот на учениците, адаптација на наставни материјали, начин на однесување на студентите од различни аспекти се користат како податоци во предиктивни модели со цел да се добијат претпоставени резултати за подобрување на студентското искуство.
  • • Инклузивност: Поддршка за ученици со посебни образовни потреби преку адаптивни технологии, како што е Seeing AI на Microsoft за ученици кои имаат проблеми со видот, па текстуалното го претвора во аудио искуство во реално време, или пак моделите говор кон текст кои можат да помогнат на учениците со проблеми со слухот и да креираат транскрипт во реално време во така достапни апликации, на персонален компјутер или мобилен телефон со едноставно користење.

 

Како може да им помогне на наставниците?

  • • Автоматизација на на репетитивни задачи: Поаѓам од себе како Microsoft Certified Trainer и тврдам дека една од најфрустрирачките задачи за еден предавач, наставник, професор е администрацијата за часот. Водење на евиденција, или изработка на извештај за целосното одвивање на часот. Денеска тие активности треба да бидат автоматизирани со што замислете ќе ослободиме до 40% од времето кој еден наставник го посветува на овие активности, што повторно ќе допринесе кон зголемен квалитет на наставата, затоа што истиот наставник ќе го посвети ова време на своите ученици, а и ќе го зголемиме т.н. wellbeing на наставникот.
  • • Поддршка во наставата: Генеративната вештачка интелигенција е на дофат на рака на секој од нас, вклучително и на наставниците. Моето искуство како некој кој подготвува содржина, говори дека истражувањето е исклучително поедноставено и почетните позиции користејќи алатки кои вклучуваат AI се далеку понапред отколку со истражување на класичен начин. Конверзациската AI или агентите денеска не се само агенти за враќање на информации, пребарување, туку и за креирање на задачи. Или, јас можам да му дадам задача на Copilot или Chat GPT, врз основа на мој документ (template) да креира нов документ заменувајќи ја постоечката со нова содржина. Сето тоа во неколку секунди. Тоа е моќта на оваа технологија – заштеда на време, првенствено.
  • • Поголем фокус на креативност и критичко размислување: Соодветно, на претходниот бенефит, времето кое ќе го заштедат наставниците можат да го искористат посветувајќи се на менторство и развој на меки вештини.

 

Дали стравот од заменување предизвикува отпор?

Да, отпорот често произлегува од страв – особено дека технологијата ќе го замени човечкиот фактор, но мора да се зборува отворено за стравот демистифицирајќи ги сите аспекти на AI. Мое лично мислење е дека колку побрзо се запознаеме со бенефитите, секако и со предизвиците кои ги носи AI толку поедноставно ќе биде прифаќањето на истата како помошник во процесите. Емпатијата е карактеристика на човекот, машината работи по алгоритам, математичка формула која е зададена од човекот, па така во образованието не се важни само бројките, туку и социо-психолошкиот момент.

 

 Дали имаат доволно обуки, ресурси и системска поддршка?

Семос Едукација како еден од најголемите IT тренинг центри во регионот е пионер во обуки за AI, успешните проекти во оваа област започнуваат уште пред неколку години кога дефинитивно не се ни наѕираше овој развој на AI, а денеска имаме специјализирани обуки во различни сектори од општеството и сме видливи на мапата на AI светот како тренинг центар кој успеа да вклучи преку 4000 слушатели во еден ден на MICROSOFT GUINNESS WORLD RECORDS™ како дел од AI NSI иницијативата, вклучувајќи ја и AI во едукација како тема во тоа AI искуство со практично користење на алатки за подобрување на вештините на едукаторите. Стоиме отворени за соработка, како и секогаш досега, да ги зголемиме капацитетите на луѓето вклучени во образование и понатаму.

 

Може ли AI да се приспособи на секој ученик поединечно? Може ли AI да ги открие слабите точки или потенцијалот кај учениците?

Секако, да. Веќе споменав дека one-size-fits-all не е пристап ниту во образовниот систем. Па така AI може да помогне во:

  • Дијагностика во реално време – откривање на силни и слаби страни.
  • Адаптивни содржини – задачи и активности што се менуваат според напредокот.
  • Непрекинат напредок – учениците не се ограничени со „граници“ на учебната година.
  • Мотивација – секој ученик гледа напредок и добива задачи што го предизвикуваат

 

Користење на ChatGPT за домашна – паметна употреба или препишување?

Зависи од начинот на користење:

  • • Ако ученикот го користи за истражување, разбирање и инспирација, тоа е паметна употреба.
  • • Ако само копира одговори без разбирање, тоа е форма на препишување.

 

Како да ги стимулираме децата да бидат паметни корисници на AI?

Учениците треба да стекнат основни знаења за тоа како функционираат дигиталните технологии, вклучително и вештачката интелигенција. Ова вклучува разбирање на алгоритми, податоци и безбедност. Исто така, кај децата мора да се развива критичката мисла. Наместо пасивно прифаќање на информации, учениците треба да се охрабрат да поставуваат прашања, да анализираат извори и да размислуваат за последиците од користењето на AI. Ова е клучно за да можат да разликуваат корисна од манипулативна или неточна содржина. Практично користење на алатките кои вклучуваат AI ја прават технологијата разбирлива и применлива во реални ситуации, па тоа е уште еден начин за брза, но и квалитетна адаптација. Наставниците играат клучна улога како примери за тоа како се користи AI на етички и продуктивен начин. Нивната транспарентност, критичност и одговорност во користењето на алатки со AI влијае врз ставовите и однесувањето на учениците.

 

Како да ги научиме децата на етичко користење на AI?

Оваа тема јас не ја гледам како исклучително поврзана со AI, во денешниот свет многу вредности не се на свое место, па веројатно околу етиката во целокупното опшстество и севкупното однесување на луѓето во општеството треба да се зборува многу повеќе на различни инстанци. Тука секако ќе биде тема и етичкото користење на AI, а и регулацијата на различни нивоа во општеството ќе треба да биде дел од националната стратегија за AI.

 

Што треба да научи секое дете за да биде подготвено за утре?

Секое дете треба да се стекне со основна дигитална писменост, како и со основите на вештачката интелигенција. Воедно, како паралелна трака на развој мора да биде развојот на критичко размислување и вештини за решавање проблеми, да негува креативност, соработка и агилност, како и да научи етичка и безбедна употреба на технологијата.

 

Кое е вашето лично искуство со AI во образовен контекст?

Ја имав привилегијата да бидам меѓу првите предавачи на светско ниво ангажирани од Microsoft да ја донесат вештината за користење на генеративната вештачка интелигенција низ Microsoft партнери од USA, Европа, до Австралија и морам да кажам дека револуцијата која се случи со генеративната AI носи промени во секоја индустрија со брзина незабележана со ниедна друга револуција. И овој притисок кој го носи времето не ни остава простор да бидеме пасивни, проактивноста е карактеристика која доколку ја немаме мора да ја изградиме, во спротивно брзо би биле надвор од играта. Менталниот склоп на човекот денес мора да прифаќа предизвици и да ги преточува во напредок, во спротивно, повторно – game over. Од друга страна пак, денеска ја имаме привилегијата да учиме за она за кое не сме имале можност на многу едноставен начин, многу подостапен начин, почнувајќи од различни јазици, наука, па до уметност, музика и секако различни технологии. Можностите се неограничени, кога ќе ја доживееме AI на тој начин, како асистент во напредок, а не како закана дека ќе го искорени човечкиот потенцијал ќе можеме да постигнеме многу повеќе.