АВРСМ & СЕМОС ЕДУКАЦИЈА
ОФИЦИЈАЛНО ИНФОРМАТИВНО СООПШТЕНИЕ
Бесплатни обуки за основни компјутерски вештини за невработени лица
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ), во рамки на оперативните мерки за зголемување на вработливоста, ја реализира мерката „3.4 Б – Обука за основни вештини – компјутери“.
СЕМОС Едукација е избран спроведувач на обуката согласно постапка за јавна набавка/јавен повик утврдена од АВРСМ.
Програмата има за цел да ја зголеми дигиталната писменост кај невработени лица, со што се унапредува нивната конкурентност на пазарот на труд.
🔶 ОПИС НА ПРОГРАМАТА И СОДРЖИНА НА ОБУКАТА
Обука се спроведува во период до максимум 4 месеци од денот на формирање на конечните рангирани листи од АВРСМ.
Се реализира во групи од минимум 10 слушатели.
Учесниците ќе стекнат вештини за работа со:

- MS Word – обработка на документи, 30 часа
- Word е најпопуларниот и најпродаван софтвер за обработка на текст во светот. Тој е дизајниран со интуитивен кориснички интерфејс и инструкции, поддржан од богати академски ресурси, со цел значително да ја подобри Вашата техничка писменост и продуктивност.
- Word е идеално решение за сите Ваши потреби за обработка на текст. Тој го поедноставува креирањето, уредувањето и форматирањето на документите, со вградени функции за проверка на правопис и граматика. Од сега, креирањето на сложени документи со табели, слики и други напредни елементи веќе нема да Ви претставува никаков проблем.

- MS Excel – табели, формули, пресметки, 30 часа
- Excel е Вашиот дигитален асистент за анализа на податоци, буџетирање и организирање на информации, брзо и продуктивно. Тоа e динамична алатка која им овозможува на корисниците да организираат, форматираат и пресметуваат податоци во табела.
- Главните карактеристики на Excel се управување, моделирање и графичко прикажување на податоците. Во светот на дигитализацијата, Excel останува моќна и клучна алатка, вградена во деловните процеси со децении. Се користи во финансиско планирање, управување со проекти, следење на залихи и анализа на перформансите.

- MS PowerPoint – креирање презентации, 30 часа
- PowerPoint е моќна алатка за презентација која веднаш го привлекува вниманието на Вашата публика. Со комбинирање на текст, табели, фотографии, графикони, анимации, аудио и видео записи, создавате промислена и целосна презентација.
- Истражувањата јасно покажуваат дека мозокот ги обработува и разбира визуелните елементи многу поефикасно отколку само зборовите. Кога PowerPoint правилно се користи како визуелен медиум, тој ѝ овозможува на публиката подобро да ги запомни презентираните идеи и пораки. Затоа, PowerPoint е совршено средство за комуникација и пренесување знаење на состаноци и настани.

- MS Access – работа со бази на податоци, 30 часа
- Access е алатка за управување со релациони бази на податоци (RDBMS) која им овозможува на корисниците да организираат, следат и управуваат големи количини структурирани податоци. Служи за создавање табели за складирање на податоците и воспоставување релации меѓу нив (на пример, поврзување листа на клиенти со нивните нарачки).
- Овозможува креирање на прилагодени формулари, прашања (queries) и детални извештаи, кои ја претвораат суровата база на податоци во корисни, лесно разбирливи информации за донесување одлуки.

- MS Outlook и интернет алатки – е-пошта, online комуникација, користење на интернет, 30 часа
- Outlook е професионален менаџер за лични информации кој е централна алатка за ефикасно управување со комуникацијата, времето и задачите. Тој е многу повеќе од обичен клиент за електронска пошта, Ви помага да бидете организирани, да управувате со работниот тек и да ја одржувате професионалната комуникација течна и ефикасна.
- Современата продуктивност и писменост не можат да се замислат без владеење со интернет алатките. Интернетот не е само извор на информации, туку и платформа за комуникација, соработка и истражување. Владеењето со овие алатки е од витално значење за да се остане конкурентен и продуктивен во секоја професионална или академска средина.
Целна група: невработени лица евидентирани во АВРСМ со минимум основно образование.
🔶 ПРОЦЕС, УЛОГИ И НАДЛЕЖНОСТИ
Во интерес на транспарентност и точна информираност, целиот процес е разграничен.
- 1. ПОЧЕТНО ТЕСТИРАЊЕ – КЛУЧНА И ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАЗА УТВРДЕНА ОД АВРСМ
Пред да може да бидат примени во бесплатната програма, сите кандидати треба:
👉 да се уредно евидентирани во системот за невработеност кај АВРСМ.
👉 да се подложат на почетна проверка на нивото на знаење (тестирање)
Ова тестирање служи за да се утврди дали кандидатот ги исполнува минимум условите за следење на програмата.
Почетното тестирање се спроведува од страна на СЕМОС Едукација, согласно упатствата и критериумите утврдени од АВРСМ, но одлуката за тоа кој кандидат ќе биде примен во бесплатната програма е исклучиво во надлежност на АВРСМ.
📌 Само кандидатите што ќе го поминат почетното тестирање можат да бидат примени во обуката.
ВАЖНО! СЕМОС Едукација не учествува во селекција, рангирање или елиминација.
- 2. РАНГИРАЊЕ И СЕЛЕКЦИЈА – ОДЛУКИ НА АВРСМ
По завршување на тестирањето:
- • АВРСМ ги креира конечните ранг-листи
- • ги известува кандидатите
- • доставува официјален список на одобрени учесници до СЕМОС Едукација
- • само тие одобрени кандидати може да бидат вклучени во обуката.
- • СЕМОС Едукација е законски обврзан да работи исклучиво со списокот одобрен од АВРСМ.
ОБУКА – ОБВРСКИ НА СЕМОС ЕДУКАЦИЈА
- • Како избран спроведувач, СЕМОС Едукација е задолжен да:
- • изврши претходна проверка на нивото на знаење заради квалитетно следење (по насоки на АВРСМ),
- • го спроведе наставниот процес преку предавачи со релевантни квалификации,
- • води евиденција за присуство,
- • издава уверение за редовна посета на обука,
- • организира полагање на завршен испит.
- • СЕМОС Едукација не може да додава или отстранува кандидати, ниту да ги менува нивните статуси — таа одлука е исклучиво на АВРСМ.
🔶 ОБВРСКИ НА УЧЕСНИЦИТЕ (според АВРСМ)
Учесниците мора:
- • да ја посетуваат обуката редовно,
- • да не се откажат без оправдана причина (во спротивно следи бришење од евиденција),
- • да ги почитуваат обврските дефинирани во оперативните упатства на АВРСМ,
- • задолжително полагање на завршен испит.
🔶 ДОКУМЕНТИ ПО ЗАВРШУВАЊЕ
По завршувањето, кандидатите може да добијат:
- • Диплома од СЕМОС Едукација
Се издава ако кандидатот присуствувал на минимум 70% од часовите.
- • MOS – Microsoft Office Specialist сертификат
Официјален меѓународен документ, кој се стекнува само со успешно положен испит.
🔶 КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?
Доколку ви e потребна помош и насока, пополнете ја онлајн формата:
и очекувајте повик во најкраток можен период од страна на Семос Едукација.
Бројот на места е ограничен, а рокот за пријавување краток.
🟧 СЕМОС ЕДУКАЦИЈА – ЗНАЕЊЕ ШТО МЕНУВА
Горди сме што, согласно постапката на АВРСМ, сме избрани спроведувачи на оваа значајна мерка која директно влијае врз зголемување на вработувањето и дигиталната писменост во земјата.
Контакт информации
Ирена Смилевска