Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
    +389 75 310 910
  • Пиши ни kursevi@semos.com.mk
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Дигитален камп Водно- Детски Кодинг Авантури
5 Дена Креативно Програмирање

13 June, 2024

Дигитален камп Водно- Детски Кодинг Авантури
5 Дена Креативно Програмирање

Содржина:

Работилниците на дигиталниот камп Водно се дизајнирани да ги инволвираат учесниците на возраст  од 7 до 17 години во светот на програмирањето преку забавни, интерактивни активности и креативни предизвици . Учесниците ќе се сретнат со основни концепти на програмирање користејќи различни програмски/скриптни јазици (С++, JavaScript, HTML&CSS ) како и различни платформи (Scratch, CoSpaces Edu,  Kodu Game Lab, Codemonkey и App Inventor) преку кои ќе ги развијат своите логички, креативни и технички вештини.

Сето ова надополнето со природната убавина и спокојната средина на Водно, каде што учесниците ќе имаат можност да ја конектираат дигитализацијата со реалноста преку тимска работа, социјализација и активности на отворено.

Придобивки:

  • Развивање на логичкото размислување и решавање на проблеми: Учесниците ќе научат како да пристапуваат и решаваат проблеми на структуриран начин.
  • Креативност и иновација: Преку дизајнирање на свои проекти, учесниците ќе ја развиваат својата креативност.
  • Тимска работа: Групни активности ќе ги поттикнат учесниците да соработуваат и да работат заедно за да постигнат заеднички цели.
  • Социјализација: Создавање на нови пријателства.
  • Технички вештини: Ќе стекнат основни вештини за програмирање кои можат да ги применат во иднина.
  • Забава и мотивација: Секој ден, на отворено, ќе биде исполнет со забавни активности кои ќе го поттикнат интерес и мотивација.

Термин 
01 Јули – 07 Јули, 2024

Локација: Водно и Семос Едукација, Скопје

Цена: 12 000 денари

Теми:

– Запознавање со содржината и креирање на тимови, Водно – планинарси предизвик

– Креирање на анимација/игра во  Scratch и микробит, Водно -јога и медитација на отворено

– CoSpaces Edu платформата и креирање на 3D  виртуелнa приказнa, Водно – претварање на дигиталната приказна во реалност “Пат до загубената куќичка”

– Креирање на игра во Game Builder со користење на програмскиот јазик CoffeeScript, Водно – Потрага по заборавениот замок.

– Креирање на  мобилна апликација/игра користејќи App Inventor, Водно – координати и нивна употреба “Пронајди го скриеното богатство”.

ПРИЈАВИ СЕ