Потпишан Меморандум за соработка меѓу Семос Едукација и средното училиште „Васил Антевски – Дрен“
На 09 октомври 2025 година, тимот од Детскиот едукативен центар при Семос Едукација, предводен од менаџерката Елена Петковска и предавачот Јован Поповски, одржа презентација на тема „Data Analyst“ пред учениците од трета година во средното училиште „Васил Антевски – Дрен“.
Овој настан беше реализиран во рамките на активностите за промоција на дигиталната писменост и технолошките вештини кај младите во Македонија. Презентацијата имаше за цел да ги запознае учениците со професијата аналитичар на податоци, нејзината примена во современиот свет и можностите за развој на кариера во оваа област.
Формализирање на соработката со потпишување на Меморандум
Како дел од посетата, беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Семос Едукација и средното училиште „Васил Антевски – Дрен“, со цел да се зајакне врската меѓу формалното и неформалното образование и да се создадат нови можности за учениците во областа на ИТ и дигиталните технологии.
Во рамките на средбата, беше воспоставена соработка со директорот на училиштето Александар Канурков, наставничката по дигитален маркетинг Радојка Хелман и наставничката по информатика Лина Петровски. Преку ова партнерство, се отвораат нови патишта за практична примена на стекнатите знаења и поттикнување на интересот кај учениците за технолошките насоки.
Поттик за идните генерации
Семос Едукација преку Детскиот едукативен центар континуирано работи на активности кои ги поддржуваат младите во стекнување на digital и technical skills. Со воспоставувањето на вакви партнерства со образовните институции, се овозможува создавање на стабилна основа за развој на идните генерации ИТ професионалци во Македонија.
Биди дел од иднината – избери стручна програма за средношколци!
Доколку си средношколец и сакаш да ги направиш првите чекори во светот на технологијата, запознај се со нашите стручни програми за средношколци во рамките на Детскиот едукативен центар при Семос Едукација.
👉 Дознај повеќе за стручните програми за средношколци и приклучи се на следната генерација технички таленти: Детски Едукативен Центар