Основните знаења кои секој корисник на компјутер мора да ги има се изучуваат во оваа програма. Што е компјутер, неговата намена, што е софтвер, а што хардвер и сите други општи знаења децата ќе ги стекнат преку посетата на оваа програма. Овде ќе се запознаат со тоа што е Оперативен систем, а ќе стекнат и знаења за најновиот OS Windows 10.
Децата ќе стекнат знаења и вештини за најкористените и за нив најпотребните апликации, а тоа се MS Word 2016, MS Excel 2016, MS Power Point 2016.
Исто така преку оваа програма децата стекнуваат знаења и вештини кои ќе му се потребни во секојдневниот живот без разлика за што и како го користи компјутерот.
Децата учат да сурфаат и да пребаруваат податоци, да читаат и праќаат електронска пошта и да комуницираат online, но и ја развиваат свесноста за безбедноста и ризиците што ги следат на интернет. Тие ќе се запознаат со функционирањето на одредени компоненти на компјутерот и ќе стекнат вештини со кои сами ќе можат да инсталираат апликации, нив да ги користат и генерално се обучуваат самостојно да го одржуваат компјутерот.
Сите овие вештини и знаења им се потребни сега и ќе им помогнат во совладувањето и претставувањето на стекнатото знаење во редовното училиште.