Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
    +389 75 310 910
  • Пиши ни kursevi@semos.com.mk
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

CSCU сертификација

Сите филтри
Филтри
Исчисти филтри Затвори Сортирај
Најслабата алка во синџирот на безбедноста? Целта на курсот CSCU –Certified Secure Computer User e слушателите да ги научи на потребните знаења и вештини за да ги заштитат своите компјутери и електронски податоци, а со тоа да ги заштитат своите компании, домови и деца. Позади курсот CSCU стои концептот дека луѓето се најслабата алка во синџирот на безбедноста и ниту една компанија, банка или владина институција,и покрај огромните инвестиции во најсовремени ИТ системи, е ранлива на хакерски напади поради човечкиот фактор. Овој курс на слушателите им нуди една интерактивна средина каде што ќе научат за основните на различни компјутерски и мрежни безбедносни закани како што се кражба на идентитет, измами со кредитни картички, ризици на интернет банкарство, фишинг измами (собирање на лозинки и кориснички имиња ), вируси и тројанци, измами со е-меилови, недозволени порнографски содржини, губење на доверливи информации, хакерски напади и социјален инженеринг (техника на изнудување на доверливи информации од вработените во компаниите). Уште поважно е тоа што научените вештини од курсот им помагаат на слушателите да ги преземат неопходните чекори за да ги намалат ранливостите и го зголемат степенот на безбедност на нивните компјутери. Во време на нови технологии компјутери, дигиталните информации, електронски медиуми за интеракција, од непроценливо значење е нашата приватност и на нашите деца, а секако и на нашите компании.

Професии

Брендови

Курсеви

Должина

Ниво на сложеност

Цена до