Денес речиси секоја компанија и бренд се присутни на социјални мрежи. Професиите како social media manager, content creator, маркетинг асистент, видео едитор или дизајнер на дигитални кампањи ги бараат точно овие вештини.
Исто така, блогерите, јутубери и TikTok креаторите можат да ги користат овие алатки за создавање професионален контент. Но и личностите кои работат за такви профили.
Дури и ако сакаат да отворат свој бизнис, овие вештини помагаат за брендирање, рекламирање и креирање промотивни материјали.
-Креирање Instagram постови, карусели и stories за училишни проекти или лични брендирани профили.
-Изработка на кратки видео клипови за социјални мрежи, со музика, текст и ефекти.
-Дизајнирање банери, визит карти, флаери и принт материјали.
-Подготовка на сопствено портфолио за апликации за работа, каде ќе имаат реални примери на сопствени дизајни.
Со завршување на курсов, деца што имаат талент за дизајн веќе може да се нудат на пазарот или по завршување средно покрај студирање од било која област, да успеат да најдат некаков тип freelance соработка. Ова е професија што овозможува работа од дома и е спој на талент со алатки. На некој начин и да не се сигурни сеуште за избор на факултет или професија, ќе имаат некој бекап.
Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација