Дигиталната трансформација не е повеќе опција – таа е неопходност. Со сè поголемото влијание на вештачката интелигенција врз сите индустрии, сметководителите имаат уникатна можност да ја искористат технологијата за да ја поедностават својата работа, да донесуваат подобри одлуки и да останат чекор пред предизвиците.
Програмата „Вештачка интелигенција за сметководители“ се состои од четири практични обуки кои ќе ви помогнат да разберете што значи AI во финансискиот контекст, како да ја користите за автоматизација на задачи, анализа на податоци, генерирање содржина, соработка и продуктивност. Ќе се запознаете со конкретни алатки како ChatGPT, Microsoft Copilot и Microsoft 365, и ќе научите како да ги применувате во реални сценарија.
Microsoft 365 претставува целосно интегриран сет на апликации и алатки што овозможуваат ефикасна комуникација, соработка и управување со задачи и документи од едно централизирано место. Со алатки како SharePoint, OneDrive, Teams, Outlook, Planner и Forms, можете полесно да ги организирате своите обврски, да разменувате информации во реално време и да работите пофлексибилно – од каде било и на било кој уред. Овој екосистем значително ја зголемува продуктивноста и го поедноставува секојдневното работење.
Секоја обука е дизајнирана со фокус на директна примена – без сложена техничка терминологија, туку со примери, вежби и алатки што веднаш можете да ги примените во секојдневната работа.
Курсеви опфатени во пакетотот:
- Работа со Microsoft 365
- Пишување на ефективни промптови со MS Copilot и/или со Chat GPT
- Користење на MS Copilot во Microsoft 365: практични примери во MS Word, Excel, PowerPoint, Outlook
- Примена на AI во финансии
Работа со Microsoft 365
- SharePoint
- Колаборација и придобивки од Microsoft 365
- Microsoft SharePoint 365
- OneDrive
- Зачувување и споделување на фолдери и фајлови преку OneDrive
- Синхрозиран статус на фајлови и фолдери
- Споделување на фајлови со помош на линкови и јавни папки
- Teams
- Раководење со тимови, канали и разговори во Microsoft Teams
- Раководење со соработката во Teams
- Раководење на состаноци, настани и повици во Teams
- Outlook
- Заедно на едно место – е-пораките, календарите, контактите и списоците со задачи
- Организација на денот (закажување на настани, состаноци, reminders)
- Организација на мејлови, означување на приоритети на мејлови
- Planner
- Погледи по ден, задачи, членови на тимот и план
- Креирање и управување со задачи, планови и проекти
- Forms
- Користење на готови темплејти и креирање на форми
- Креирање на прилагодени форми (анкети, пријави и квизови)
- Визуелизација и анализа на податоците добиени како одговор на поставените прашања од формите
Пишување на ефективни промптови со MS Copilot и/или со Chat GPT
- Основи на генеративна вештачка интелигенција
- Што е промпт и зошто е важен
- Типови на промптови: инструкции, прашања, сценарија
- Пишување ефективни промптови за различни цели (текст, код, анализа, дизајн и др.)
- Користење на MS Copilot во секојдневна работа
- Користење на ChatGPT за продуктивност и креативни задачи
Користење на MS Copilot во Microsoft 365: практични примери во MS Word, Excel, PowerPoint, Outlook
- Вовед во користење на Copilot во Office алатките: Word, Excel, PowerPoint, Outlook, Teams
- Истражување на придобивките од Copilot за подобрување на продуктивноста и автоматизација
- Напредни можности и техники за искористување на AI во Office апликациите
- Примена на вештачка интелигенција во финансии: алатки за анализа, планирање и оптимизација
Примена на AI во финансии
Модул 1: Вовед во курсот и вештачката интелигенција во финансии
- Запознавање со целите на обуката и подесување на алатки за работа
- Вовед во AI и нејзината примена во финансискиот сектор
- Основи на prompt-ови и преглед на AI алатки
- Студии на случај и дефинирање на индивидуален план за примена
Модул 2: Практична примена на AI алатки во Excel
- Форматирање и чистење податоци со Copilot и ChatGPT
- Генерирање формули, графици и табели
- Идентификација на трендови и подготовка на извештаи
Модул 3: Data Intelligence во финансии
- Читање и анализа на финансиски документи со AI
- Извлекување структурирани податоци од PDF и скенирани документи
- Користење на ChatGPT, Copilot и Azure за обработка
Модул 4: AI агенти во акција
- Запознавање со концептот на AI агенти
- Креирање сопствени агенти преку Copilot Studio
- Апликации на агенти во финансиското работење
Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација