Продуктивноста е збор кој луѓето многу често го употребуваат. Како и да е, во секојдневниот живот продуктивноста може да биде сумирана во едно прашање: Како можам да ја завршам мојата работа побрзо и поедноставно?
Доколку и вие си го поставувате ова прашање и сеуште го барате начинот како да си ја олесните работа и истата да ја завршите побрзо, тогаш овој курс е за вас. Флексибилноста и поврзаноста која ви ја нуди Microsoft 365 ќе направи да бидете поефикасни и постојано во чекор со настаните кои ви се од важност. Сите потребни апликации за работа се поставени на едно место а унифицираниот интерфејс дотолку ги прави овие апликации да бидат едноставни за употреба.
Оваа програма за курсот Microsoft 365 за крајни корисници има за цел да ги обучи слушателите како максимално да ги искористуваат придобивките кои ги нуди овој пакет на Microsoft и со тоа да си ја олеснат работата и продуктивноста.
Microsoft 365 нуди поврзување на вработените во една фирма со сите луѓе, информации и содржини кои им се потребни за завршување на секојдневните работни обврски.
Microsoft 365 e многу повеќе од збир на Microsoft апликации поставени на cloud. Нуди многу придобивки во развојот на работата и растот на продуктивноста, заштеда на пари и ресурси.
Оваа обука ќе ги опфати следниве продукти од Microsoft 365 пакетот:
- SharePoint
- OneDrive
- Teams
- Outlook
- Planner
- Forms