Следното ниво на PHP и MySQL обуката продолжува таму каде што основниот застана.
На овој курс се обработуваат напредни програмски структури кои претставуваат основа во објектно-ориентираното програмирање во PHP, MVC архитектурниот концепт, PHP дизајн шаблони и напредните функционалности во MySQL.
Со овој курс слушателот ќе се стекне со знаење кое ќе му овозможи планирање и креирање на комплексни web апликации, самостојно или како дел од тим.