Овој курс практично ве подготвува за полагање на испитот и стекнување со меѓународниот сертификат Project Management Professional® (PMP®) што го издава Project Management Institute (PMI). Обуката е одобрена од PMI како формална едукативна активност за проектен менаџмент и според тоа, по нејзиното завршување слушателите се стекнуваат со едукативниот предуслов неопходен за PMP® сертификација.
На овој курс ќе се запознаете со:
- Потребното знаење и техники за менаџирање на проекти, вклучувајќи ги и оние со огромен елемент на технологија
- Техники на проектен менаџмент кои слушателите можат да ги применуваат на секојдневни проекти
Со овој курс ќе се стекнете не само со знаења и вештини, туку и со меѓународно призната квалификација за сертифициран проектен менаџер.