Scrum Developer Certified (SDC™) е почетно ниво на сертификација за членовите на Scrum тим и оние кои комуницираат со кој било Scrum тим. Целта на овој сертификат е да се осигура дека членовите на Scrum тимот имаат доволно познавање за Scrum за ефективно да придонесат кон еден Scrum проект. 
 
Наставниот материјал и алатките за подготовка потребни за испитот за сертификација ќе бидат достапни и онлајн на SCRUMstudy.com. На крајот на курсот ќе се спроведе онлајн испит. 
                          
                        Овој курс се препорачува за секој вработен во компанија кој работи во Scrum тим и за сите кои комуницираат со каков било Scrum тим.
 
Курсот исто така ќе биде корисен за оние кои се заинтересирани да ги разберат основите на Scrum и начинот на кој овој метод може ефективно да се искористи.  
                         
                        Во цената на обуката вклучени се 3 обиди за полагање на официјалниот сертификат Scrum Developer Certified.
(рок на важност 6 месеци)
                          
                        Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација