Курсот Windows 10& MS Word 2019 им овозможува на слушателите да се запознаат со извонреден, едноставен и интуитивен начин на работа. Со оваа кратка обука ќе се научи да се користи глувчето и тастатурата, да се манипулира со прозорци, да се управува со сопствени документи преку Windows Explorer.
Освен користењето на компјутерот и оперативниот систем Windows 10, во овој курс акцентот е ставен на работа со најпознатиот програм за внесување и обработка на текст MS Word 2019.
Низ добро организирани, ефективни вежби и професионално изработена програма, слушателите на овој курс самостојно ќе изработуваат текстуални документи од најразличен тип и најразлична намена.
Слушателите на овој курс добиваат бесплатно полагање на MOS испит за апликацијата MS Word 2019.
- По завршувањето на курсот слушателот ќе:
- Креира и уредува Microsoft Word документи
- Работи со лентата со алатки и File менито
- Креира нови документи и користи Word templates
- Форматира Word документи
- Внесува броеви на страни, заглавје и поглавје на страна, и ќе проверува правописни и граматички грешки
- Работи со табели, слики и хиперлинкови
- Подготвува документ за печатење
- Биде подготвен да го полага испитот Microsoft Office Specialist for Word, кој е вклучен во цената
Сертификатот Microsoft Office Specialist (MOS) е еден од најполаганите водечки ИТ сертификати во светот. Сертификатот е прифатен на глобално ниво кој претставува квалификација базирана на стандардите за оценување на знаење и вештини за продуктивно користење на Microsoft Word.
Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација
Со положен испит се стекнувате со меѓународно признат сертификат – Microsoft Office Specialist за соодветна Micrososft Office апликација.
Сертификатот Microsoft Office Specialist (MOS) е еден од најполаганите водечки ИТ сертификати во светот.
Сертификатот е прифатен на глобално ниво кој претставува квалификација базирана на стандардите за оценување на знаење и вештини за продуктивно користење на Microsoft Office Word.