Овој курс ги опишува сите задачи што еден тест аналитичар мора да знае како да ги имплементира во процесите на тестирање на софтверот.
На тој начин, оваа програма ги опишува сите фази од процесот на тестирање на софтверот каде што секој Тест аналитичар треба да ги имплементира своите тактики и техники за да воспостави успешен процес на тестирање.
Од овој курс, студентите ќе научат и како да направат разлика помеѓу секоја алатка и автоматизација за тестирање, да ги земат предвид нивните предности и недостатоци и на крајот да одлучат која алатка ќе се имплементира во процесот на тестирање.
Модул 1: Задачи на Тест Аналитичар во процесот на тестирање
Модул 2: Задачи на Тест Аналитичар во тестинг наменет за ризици
Модул 3: Техники на тестирање
Модул 4: Карактеристики на тестирањето за квалитет на софтвер
Модул 5: Преглед на процесот
Модул 6: Алатки и автоматизации за тестирање
Лицата кои ќе се сертифицираат за ова ниво:
- Ќе добијат меѓународно признат сертификат како доказ за експертиза во областа на тестирање на софтвер со спецификација како Тест Аналитичар
- Ќе бидат способни да изберат, спроведат и анализираат соодветна процедура за тестирање во зависност од потребите на конкретниот проект
- Ќе се стекнат со знаење потребно за согледување на потенцијалните ризици и пронаоѓање на решенија како истите да се надминат
Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација