Програмата на овој курс ќе им овозможи на студентите да научат како да стават фокус на дизајнирање, развивање и одржување на решенијата за автоматско тестирање.
Тие ќе се стекнат со знаење во врска со концептите, методите, алатките и процесите кои се среќаваат во автоматизираните функционални и динамички тестови, а во истовреме и врската помеѓу тие тестови со менаџирањето на истите, конфигурацискиот менаџмент, менаџментот на слабостите и дефектите, сите процеси во развивање на софтверот и сигурноста на квалитетот.
Методите кои се опишани во овој курс се генерално апликативни со повеќе варијации на целиот животен циклус на софтверот, типовите на софтверските системи како и сите типови на тестирање.
Модул 1: Вовед и цели на Автоматско Тестирање
Модул 2: Подготовка за Автоматско Тестирање
Модул 3: Структура на генеричко Автоматско Тестирање (gTAA)
Модул 4: Распоред на ризици и непредвидени ситуации
Модул 5: Извештаи и метрики за Автоматско тестирање
Модул 6: Транзиција од Рачно Тестирање кон Автоматско тестирање
Модул 7: Верификување на решението за автоматско тестирање (TAS)
Модул 8: Континуирано подобрување
Лицата кои ќе се сертифицираат за ова ниво:
- Ќе имаат единствена, интернационално признаена сертификација за напредно знаење во областа на тестирање на софтвер во со специјализација за инжињер за автоматско тестирање
- Ќе научат како да процесот на создавање и интеграција на автоматизации за тестирање
- Ќе бидат способни да изберете алатки и технологии за потребите на секој проект
- Ќе се оспособат за креирање на пристапи и методологии поврзани со градење на структура на автоматско тестирање
- Ќе научат како мануелниот процес на тестирање е заменет со автоматскиот начин на тестирање
- Ќе научат како се креираат извештаи и метрики поврзани со автоматското тестирање
Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација