Овој курс е основен курс и е создаден со цел на слушателите да им овозможи знаење за некои од основните принципи на тестирање.
Ќе научите како активностите за тестирање ги поддржуваат активностите за развивање во различни модели за развој на софтвер, како и општата терминологија за тестирање.
Курсот дава преглед на статичните и динамичните техники на тестирање и како истите да се применат; ве запознава со менаџирање на проблеми при тест, вклучувајќи планирање на тест и проценка, тестирање врз основа на ризик и менаџирање на инциденти, како и поддршка на алатки за тестирање, опишувајќи многу видови на поддршка на алатки, придобивки и потенцијални ризици на алатките и ефективен процес за нивно вклучување во организација.