Курс 1: Power BI во финансиско и менаџерско известување
Овој курс е наменет за финансиски професионалци кои сакаат да ја подобрат својата способност за визуелизација и анализа на податоци преку Power BI. Преку практична работа, учесниците ќе научат како да креираат динамични извештаи и интерактивни контролни табли (dashboards), како и да ги интегрираат податоците од различни извори во едно сеопфатно визуелно решение.
Темите опфаќаат:
- Поврзување со финансиски извори на податоци (Excel, бази на податоци, ERP)
- Чистење, трансформација и моделирање на податоци
- Изработка на KPI извештаи, буџети и прогнози
- Примена на DAX формули за пресметки и анализа
- Креирање на извештаи за интерна и екстерна употреба (менаџмент, ревизија, инвеститори)
Курс 2: Анализа на податоци во Excel
Овој курс ги надградува вештините за анализа на податоци користејќи напредни Excel техники и воведува практични статистички концепти кои се применуваат во финансиско планирање и известување. Курсот е наменет за учесници со основно познавање на Excel кои сакаат да навлезат подлабоко во анализа на податоци.
Темите опфаќаат:
- Статистички функции (AVERAGE, MEDIAN, STDEV, CORREL, и др.)
- What-If анализа и сценарија (Scenario Manager, Goal Seek, Data Tables)
- Pivot табели и графици
- Excel Charts за финансиска визуелизација
- Филтрирање, сортирање, валидација и анализа на големи сетови на податоци
Курс 3: Креирање на агенти за финансиско работење со Microsoft 365 Copilot
Овој курс им овозможува на учесниците да научат како да креираат агенти базирани на Copilot во Microsoft 365, прилагодени на специфичните потреби на финансиското работење. Ќе се разработи практична примена на вештачка интелигенција во автоматизација на процеси како што се подготовка на финансиски извештаи, резимирање на информации од состаноци, изработка на извештаи и понуди, како и внатрешна комуникација преку Microsoft Teams. Курсот е наменет за професионалци кои сакаат да ја подобрат ефикасноста и прецизноста во секојдневните финансиски активности преку употреба на современи алатки.
Темите опфаќаат:
- Основи на Copilot во Excel, Word, Outlook и Teams
- Примери на агенти за буџетирање, пресметка на трошоци и подготовка на извештаи
- Автоматско креирање презентации и документи со финансиски податоци
- Управување со агенди, задачи и состаноци преку AI
- Практични сценарија во финансиско работење (AI асистент за месечни извештаи, преглед на податоци, анализа на ефикасност)
Курс 4: Напреден Excel – примена во финансии и сметководство
Овој модул е фокусиран на напредни Excel функционалности кои се суштински за точна и ефикасна обработка на финансиски податоци. Се разработуваат практични примери од сметководствена и финансиска пракса, со цел учесниците да научат да автоматизираат процеси и да креираат прецизни модели за анализа.
Темите опфаќаат:
- Финансиски формули и функции (NPV, IRR, XLOOKUP, INDEX/MATCH)
- Работа со динамички опсези и напредни табели
- Автоматизација со формули и макроа
- Изработка на шаблони за пресметка на амортизација, обврски, камати и добивки
- Креирање на финансиски модели и симулации
Курс 5: Работа со Microsoft 365 (Outlook, Teams, SharePoint, Planner, Forms, OneDrive)
Овој курс овозможува усвојување на дигитални вештини за организирана, колаборативна и ефикасна работа во финансискиот сектор. Се обработува практична употреба на Microsoft 365 алатки во контекст на проектен менаџмент, документо-тек и комуникација.
Темите опфаќаат:
- Организација на работа преку Outlook, Planner и Teams
- Креирање и споделување документи преку OneDrive и SharePoint
- Кориснички форми (Forms) за собирање финансиски податоци
- Управување со тимски задачи, состаноци и известувања
- Безбедност и пристап до документи во Microsoft 365