Летото нека биде паметна инвестиција – во иднината на нашите деца
Разговор со Марина Стојановиќ, тренинг асистент во Детскиот едукативен центар
„Најголемата радост е кога по летен курс, родител ќе ни се јави и ќе каже: ‘Моето дете сега самостојно прави веб страници!’ или ‘Ѝ направи игра на сестричката во Python!’. Тоа за нас значи дека сме ја завршиле работата – и тоа со срце.“
Со овие зборови започна нашиот разговор со Марина Стојановиќ, тренинг асистент во Детскиот едукативен центар при Семос Едукација, која со многу ентузијазам ни ја претстави летната интензивна програма за ученици од 13 до 17 години, што ќе се реализира од 16.06. до 27.06.2025 и секој нареден понеделник во текот на летниот распуст.
Обука која не е само курс – туку искуство
„Сакаме летото да не биде само одмор, туку можност за раст. Овие курсеви се создадени да ги инспирираат младите – да мислат критички, да се изразуваат преку код, и да создаваат нешто свое“ ни објаснува Марина.
Програмата е внимателно дизајнирана така што за само 10 дена, со по еден онлајн термин дневно од 2,5 часа, децата можат да научат основи или да го продлабочат знаењето во една од најбараните ИТ области. Секој курс содржи 30 училишни часа, со интерактивна и практична настава која се одвива на платформата Microsoft Teams, во мала група и со лична поддршка од инструкторите.
Кои курсеви се нудат?
„Покриваме теми кои се интересни, применливи и подготвуваат за иднината – основи и напреден Python, C++, HTML & CSS. Секој родител може да избере курс соодветен на интересите и претходното знаење на детето,“ додава Марина.
Линкови до курсевите:
🔹 Основи на C++
🔹 Напреден C++
🔹 Основи на Python
🔹 Напреден Python
🔹 Основи на HTML & CSS
🔹 Напреден HTML & CSS
За кого се наменети курсевите?
„Најчесто, родителите се изненадени колку брзо децата се снаоѓаат во програмирање. Доволно е да имаат интерес и основно познавање на работа со компјутер. Возрастa од 13 до 17 години е идеална за ваков тип на учење,“ вели Марина.
Наставата е прилагодена на динамиката на тинејџерите – брза, интерактивна и со примери од секојдневието. А за оние што ќе се пријават навреме, има и поволност:
🟡 Попуст од 15% за рана уплата до 01.06.2025
🟡 Минимален број од 9 ученици е потребен за да се оформи група
🟡 Можност за нова група секој понеделник – во зависност од интересот
Последна порака до родителите?
„Инвестирајте во знаењето на вашето дете. Летото е совршен момент да научи нешто ново, без стрес од школо, во средина што го охрабрува. ИТ вештините се клучни за секоја идна професија – а ние тука нудиме почетна точка, која може да прерасне во животна пасија.“
📩 За информации: Контакт | 📧 info@semosedu.mk
📌 Пријави се за учество во летните интензивни ИТ курсеви за млади (13–17 години)